за

Ford Escort одбележува 50 години од премиерата

Ford Escort I

Кога првата генерација на Ford Escort се појави на пазарот во август 1968 година, автомобилската сцена веднаш му го припиша прекарот „кучешка коска“. Тоа беше поради карактеристичниот изглед на маската и светлата, којшто потсетува на најголемата кучешка гозба. Започна долго и успешно поглавје во автомобилската историја, коешто заврши по три децении и по седум моделски генерации во 1998 година.

Поглавјето само условно заврши. Ford Focus пристигна како наследник на еден од своевремено највпечатливите модели во компакт класата на европскиот пазар. Промената на моделското име беше во чекор со радикалната промена во дизајнот и во напредната техника, којашто постави нови стандарди во класата, особено во поглед на возните својства. Сега е веќе и официјално дека годинава пристига четвртата генерација на Focus.

Додека тоа се случи, со задоволство ќе се потсетиме на Escort, на првата генерација од 1968 година. Мотоспортот даде голем придонес во создавањето на неговиот имиџ. Тој постигна многу повеќе победи на тркачките и рели патеките од кој било друг модел на Ford пред него.

Ford Escort во вообичаената рекламна сцена во 1970-те години

Ford Escort Mexico 1971

По само пет месеци од почетокот на продажбата, во јуни 1968 година веќе беа произведени 100.000 примероци од Ford Escort во фабриката во Хејлвуд, Велика Британија. Дел од продукцијата на верзиите со волан одлево потекнува од белгискиот Гент. Во јануари 1970 година стартува и производството во Германија, во Сарлуис.

Со само 64 КС, Ford Escort 1300 GT спринтува до сто за 13,5 секунди

Основната моделска верзија има 1,1-литарец со 40 КС, потоа следат 1100 S со 45 КС и Escort 1300 со 48 или 52 КС, како и спортската верзија GT, чиишто 64 КС во тоа време се доволни за 13,5 секунди до 100 и крајна брзина од 150 km/h. Врвот му припаѓа на 1300 GT Sport со 72 КС и широки бандажи 4,5 х12. Погонот е назад, тоа уште е стандард во компакт класата во тој период. Во септември 1969 пристига лимузинската верзија со четири врати, како и комбито Turnier со 380 килограми носивост, покрај стандардната изведба со две врати.

Производството на Ford Escort во Сарлуис започнува по две години од стартот во фабриката во Хејлвуд

Ford Escort Saarlouis, 1970

Кулминацијата следува на салонот во Франкфурт во 1973 година, со премиерата на RS 2000, со двобојна каросерија, испакнати крила и дволитарец со 100 КС, сето тоа како сериски модел. Истата година се појавува и луксузната изведба GLX со 73 КС, бандажи од 13 инчи, дрвени украси во кокпитот и на вратите, дрвен капак на преградата пред совозачот, па уште и покрив обложен со винил.

Ford Escort е автомобил за секаква намена, од семејна лимузина до тркачка машина

Со каросерија малку подолга од четири метри, ширина од 1,57 метри и круг на вртење од само 9,76 метри, Escort е во исто време просторен за патниците и лесно подвижен во град. Багажникот располага со 425 литри. Одделните моделски верзии се разликуваат во светлата. Стандардните верзии имаат тркалезни светла, додека во верзиите XL се вградуваат коцкести светла.

Комби изведбата Turnier има само две врати, оваа варијанта во тоа време е најпривлечна за занаетчиите, „животен стил“ уште не се спомнува

Ford Escort I Turnier, 1968

Escort во тоа време спаѓа меѓу поопремените модели во класата, особено во повисоките нивоа. Под опрема, сепак се подразбираат различни ставки од денешните. GT поседува бројач на вртежи, мерач на притисок на масло и амперметар, како и хромирана глава на менувачот. Пепелниците уште се наведуваат како значајна ставка – Escort има дури три. Од 1973 година може да се доплати и за безбедносни ремени, како втора опција покрај статичките ремени.

Втората генерација е „разумна“. Тоа важи во секој случај, со гаранцијата за 20.000 km или 12 месеци

Втората генерација пристига во 1975 година, како „приземјување на топката“ во споредба со претходникот. Овој Escort повеќе се наметнува како разумен избор на автомобил, место како автомобил што е во исто време семеен и тркачки, практичен и луксузен. Познавачите ќе се присетат: Новата генерација интерно се води како „Бренда“, генерацијата потоа е „Ерика“.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Ford Escort Mexico

Ford Escort беше практично непобедлив на рели патеките. Најголемо достигнување беше победата на релито од Лондон до Мексико Сити во 1970 година, со легендата Хану Микола зад воланот и совозачот Гунар Палм. Во таа чест беше изработена специјална серија под ознаката Escort Mexico. Се продадоа повеќе од 10.000 примероци. [/tie_slide]

[tie_slide]

ford escort 1970 world cup rally

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Затоа, пак, гаранцијата од 12 месеци и 20.000 километри е двојно подолга од претходно, а исто така е значително збогатено и основното ниво на опрема. Но, Escort не си дозволува да биде обичен. Со 250 КС под хаубата, Escort RS 2000 им обезбедува шампионска титула на скандинавските легенди во рели, Бјорн Валдегард (во 1979 година) и Ари Ватанен (во 1981 година). Заради хомологација е изработена лимитирана серија од 400 примероци со „само“ 132 КС.

Историјата што следи испишува едно од најнезаборавните поглавја во автомобилската историја. Добро реставрирани примероци од првата генерација на Escort лесно надминуваат вредност од 10.000 евра на пазарот на олдтајмери.

Рекорден собир на 1.350 возила на релито „Simply Ford“

Пред 90 години: Како Ford стана германска марка?

Хибриден Ford Transit вози по лондонските улици

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

АДАК Тест на летни гуми 2018

Тест на летни гуми на АДАК: Обичните марки на исто ниво со премиум гумите

АДАК Тест на летни гуми 2018 - 175 н

Тест на летни гуми на АДАК: Димензија 175/65 R14 T