за

Што имаат заедничко спортисти, дизајнери на видеоигри и работници на Ford?

Ford ерго станица

Технологијата што спортистите ја користат за усовршување на својата игра и што ги пресликува реалните движења во видеоигрите, отсега служи и во производството на Ford

Технологијата што обично ја користат врвните светски спортисти заради усовршување на својата игра, а им служи и на дизајнерите на видеоигри, за движењата на овие спортисти да ги пренесат во виртуелниот свет, сега наидува на примена и на производствените ленти на Ford.

Работниците во фабриката на Ford во Валенсија, Шпанија, користат специјални костуми со вградени сензори кои ги следат движењата. Технологијата ја тестираат 70 работници на 21 работна позиција. Целта е да се олесни работата и воедно да се зголеми квалитетот на изработката.

Инженерите на Ford се инспирирале од робот што имитирал човечки движења на еден саем за електроника

Инженерите добиле инспирација од костумот што бил прикажан на еден саем за електроника. Овој костум прикажувал како роботите можат да ги реплицираат човечките движења и потоа да ги применуваат тие движења на работното место. Месецов технологијата почна да се користи во шпанската фабрика, во производството на новиот Ford Transit Connect и на дволитарскиот EcoBoost Duratec.

Костумот се состои од 15 сензори, кои преку безжична врска се поврзани со контролната единица. Системот ги следи движењата на главата, вратот, рамената, рацете и нозете. Во исто време, четири камери создаваат 3D-анимација на работникот.

Потоа се ангажираат врвни ергономисти, кои врз основа на податоците вршат оптимизација на работните позиции, за работниците да се напрегаат помалку.

Ford планира да ја применува технологијата и во останатите фабрики во Европа. Тоа е дел од програмата што е отпочната уште во 2003 година и има цел да го смали бројот на повреди на работниците.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пебл Буч тура олдтајмери

Најскапите олдтајмери во светот се собираат месецов во Калифорнија

гамбол 3000 ашер

Музичката ѕвезда Ашер го означи стартот на Гамбол 3000