за

Идриз Елба ќе го претстави електричниот СУВ на Ford на 18-ти ноември

На светската ѕвезда Идриз Елба ќе му прпнадне честа премиерно да го претстави електричниот СУВ на Ford во стилот на Mustang. Датумот на светската премиера е 18-ти ноември. Ford ветува досег до 600 километри во реални услови. Настанот ќе се пренесува во живо од Лос Анџелес, пред почетокот на калифорнискиот салон на автомобили.

Ford ќе соработува со Идриз Елба за светската премиера на целосно новиот СУВ-модел со погон на струја и со стил пример на Mustang. Британската ѕвезда изјави по тој повод, „повеќето не знаат дека во младоста имам работено во Ford. Мојот татко исто така работеше во Ford. Тоа практично ми е во крвта. Работата во овој проект и седнувањето зад воланот на автомобилот што сите не носи кон иднината, личи како да работите да се вртат во круг, но со поголема возбуда и технологија.“

Откривањето на новиот модел, кој во врвната изведба ќе постигнува досег до 600 километри во реални услови, ќе се пренесува во живо од Лос Анџелес, во 3:00 часот наутро на 18-ти ноември.

Потоа ќе следи и првиот јавен настап на новиот електричен модел на Ford, пред публиката на салонот во Лос Анџелес.

New item by Automedia MK / Google Photos

Ford Transit отсега може да вози и на струја

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ducati MIG електрични велосипеди

Кој е расположен за електричен велосипед од… Ducati!

Олдтајмери електричен погон

Fiat повеќе нема да произведува малечки автомобили