137
22 shares, 137 points

Во фабриката во Набережње Челни започна производството на најмалечкиот СУВ-модел на Ford. Секое трето продадено возило во Русија е СУВ, Ford Ecosport влегува во сегментот што порасна петпати за една деценија

Заедничката инвестиција на Ford во Русија, компанијата Ford Sollers, започна со производство на Ford Ecosport во фабриката Нарережње Челни, во Татарстан. Новиот модел пристига во сегментот на когошто отпаѓа една третина од целиот автомобилски пазар во земјата. Во првите четири месеци, продажбата на СУВ-моделите на Ford порасна за 36 проценти.

Исто како на главните европски пазари, малечките СУВ-модели бележи најголем раст на рускиот пазар на СУВ возила. За десет години, нивниот сегмент пораснал петпати. Адил Ширинов, претседател на Ford Sollers: „Од автомобилска марка, Ford во Русија прераснува во марка којашто повеќе од половина од продажбата ја постигнува со СУВ-модели и со доставни возила Transit.“

Ford Ecosport со дополнителен приклучок за камерите што се задолжителна ставка на руските возачи

Сите модели на Ford Sollers се приспособени за рускиот пазар. Ford Ecosport, на пример, располага со погон на сите тркала во комбинација со автоматски менувач. Моторите исто така се оптимирани за работа со 92-октанско гориво. Дополнителниот УСБ-приклучок во кабината е наменет за приклучување на камерите коишто се особено популарни меѓу руските возачи.

Вкупно седум модели на Ford се произведуваат во Русија: Focus и Mondeo излегуваат од фабриката во близина на Санкт Петерсбург, Explorer, Kuga и целата гама на Transit се произведуваат во Елабуга, Татарстан, додека Fiesta и Ecosport се произведуваат во втората фабрика во Татарстан, во Набережње Челни.

Ford Sollers има и погон за производство на мотори во Елабуга, како и разојни центри во коишто моделите се приспособуваат за рускиот пазар. Продажната мрежа опфаќа 115 дилери во 70 градови низ цела Русија.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

137
22 shares, 137 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730