за

Ford со две титули во изборот на доставни возила за 2020 година

Ford со две титули во изборот на доставни возила за 2020 година
Ford со две титули во изборот на доставни возила за 2020 година

Изведбите со хибриден погон во гамата на Ford Transit Custom се прогласени за светски транспортери за 2020 година. Во исто време, Ranger ја понесе титулата на пикап на годината.

Експертското жири од 25 ги избра изведбите на Ford Transit со хибриден погон за светски транспортери за 2020 година, а воедно изгласа и победа на Ranger во категоријата на пикапи. Тоа направи Ford да биде прв производител на лесни доставни возила, на когошто двапати му успева да ги освои двете важни титули во една година.

Верзијата на Transit Custom со плагин-хибриден погон, во комбинација со 1,0-литарскиот EcoBoost што работи како генератор, остави најсилен впечаток врз 25-членото жири од специјализирани новинари. Со полна батерија, Ford Transit Custom вози на струја до 56 километри, со што има пристап во подрачјата во градовите, кадешто е дозволен влез само за возила со нулта емисија на штетни материи. Електромоторот е со моќност од 93 kW (126 КС), батеријата има капацитет од 13,6 kWh.

Ford Transit Plug-in Hybrid Köln Geofencing- Blockchain
Ford Transit Plug-in Hybrid Köln Geofencing- Blockchain

Втората изведба со електрифицирана погонска спрега е Transit Custom EcoBlue Hybrid. Станува збор за благ хибрид, со стартер-генератор што ги заменува класичните стартер и алтернатор, во комбинација со литиум-јон батерија со воздушно ладење и 48-волтна мрежа. Стартер-генераторот ја полни батеријата при секое запирање и забавување, којашто потоа ја испорачува енергијата назад, за стартер-генераторот кусо да му асистира на бензинецот при поаѓање или забрзување. На тој начин се постигнуваат 8% заштеда во горивото.

Третата изведба е Transit EcoBlue Hybrid, во категоријата на носивост до два тони, кој се пласираше втор во изборот; Овие доставни возила се дел од најавените 14 модели на Ford со електрифицирана погонска спрега за европскиот пазар до крајот на 2020 година.

Ford Ranger е најпродаван пикап на европскиот пазар и ги убеди 18-те експерти во категоријата на пикапи првенствено со системите за асистенција и со моќните и штедливи турбодизели EcoBlue. Камионетот е достапен во три изведби на кабина и стандардно поседува погон на сите тркала.

Ford е лидер на европскиот пазар на доставни возила. Од јануари до крајот на октомври се продадени 114.000 примероци (+2,6%) од Transit Custom, додека пикапот Ranger во истиот период постигнал 43.300 продажби.

Тест: Ford EcoSport 1.5 EcoBlue Titanium AWD

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Аутомакедонија увозник за товарната програма на Piaggio

Аутомакедонија стана увозник за товарната програма на Piaggio

Mercedes-Maybach GLS 600

Mercedes-Maybach GLS или луксуз како уметност