140
19 shares, 140 points

Ford Capri се појави на салонот во Брисел во 1969 година и веднаш се покажа како голем погодок. За 50-годишнината на спортското купе, Ford сними видео, во коешто се појавува изведбата Capri RS 2600 од фабричката колекција во Келн.

Во 1969 година се случија многу настани од историско значење. Човек првпат стапна на Месечината, се одржа легендарниот фестивал во Вудсток и Ford Capri почна да вози по европските патишта.

Рекламниот слоган при почетокот на продажбата гласеше „Автомобилот што отсекогаш сте сакале да гопоседувате.“ Неговата веродостојност ја потврдија повеќе од 1,8 милион купувачи. Пазарот постојано бараше примерок повеќе од купето со впечатлива појава и убедлив карактер, во сите три генерации, до заминувањето на Capri од производствените ленти во 1986 година. Сцената денес го признава купето на Ford како еден од најценетите јангтајмери, со вредност што постојано расте.

Во видеото за јубилејот, реткиот Ford Capri RS 2600 поаѓа на носталгично патување. Тоа почнува во неговото место на раѓање, во густите шуми во регионот Ајфел, кадешто се одвиваа беспоштедните тестирања за време на развојот на возилото. Завршетокот на патувањето е на тркачките патеки, меѓу кои белгиската Спа Франкоршамп или холандскиот Зандворт, каде Capri постигна бројни историски триумифи.

„Ford Capri беше спортско возило коешто овозможуваше секој да го доживее автомобилскиот сон во секојдневието,“ изјави Стив Сатклиф, автомобилскиот автор што во видеото го управува историското возило и коментира. „Автомобилот беше создаден за чисто возачко уживање. Дури и денес е убаво чувството да се седи зад воланот на Ford Capri.

Ford Capri RS 2600 од збирката историски возила на Ford во Келн поседува мотор V6 и за шесте денови на снимањето на видеото извозе повеќе од 700 километри. Сатклиф додава: „Можам да замислам дека и денес постои голем број возачи што би посакале ваков автомобил.“


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

140
19 shares, 140 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *