за

Ford Bronco со премиера како реклама на ABC, ESPN, NatGeo

Ford Bronco со премиера како реклама на ABC, ESPN, NatGeo
Ford Bronco со премиера како реклама на ABC, ESPN, NatGeo

Ford премиерно ќе го претстави новиот Bronco на единствен начин. Важниот модел за марката ќе се појави во првите рекламни блокови на каналите ABC, ESPN и National Geographic на 13-ти јули во 20 часот по „источно време“ во САД.

Ford ќе го претстави комплетно новото моделско семејство на Bronco на сите канали на мрежата Disney (тв, кабел, дигитални и онлајн канали). Во понеделник на 13-ти јули, три различни рекламни спотови во времетраење од по 3 минути, ќе бидат пуштени во ударен термин во 20 часот источно американско време на ABC, ESPN и на National Geographic (според наше време во 2.00 часот наутро, на 14-ти јули, вторник). Трите филмови ќе бидат достапни на Hulu во следниот ден.

Филмовите во коишто се откриваат приказните на тимот на Ford се дело на оскаровскиот режисер и кинематограф, фотограф и професионален планинар Јими Чин, во соработка со агенцијата Disney CreativeWorks.

Ford потоа ќе објави дополнителни информации за моделското семејство на теренецот Brondo на сопствените канали на социјалните мрежи. Фановите на моделот што ужива високо реноме и има вредна традиција на американската и светската автомобилска сцена, ќе можат да резервираат автомобил по цена од 100 долари, почнувајќи од истиот момент кога рекламите ќе се појават на мрежите на Disney.

Првично беше планирано премиерата на Bronco 4×4 SUV да се одржи во јуни, на салонот во Детроит, но и тој се откажа поради пандемијата.

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Возачите почесто избираат Toyota од почетокот на корона-кризата

Возачите почесто избираат Toyota од почетокот на корона-кризата

Нови детали пред премиерата на Ford Bronco

Нови детали пред премиерата на Ford Bronco