за

Петоците се сини за Ford: Попусти и акции во Ми-Да

Ми-Да Гранд Моторс Ford Blue Friday

Во следните два петоци, Ми-Да Гранд Моторс организира попусти за моделите на Ford во рамките на „Blue Friday“ и воедно одржува донаторска акција во хуманитарни цели

Нема црн петок во Ми-Да Гранд Моторс, туку син петок. Во последните два петоци од месецов, односно на 23-ти и 30-ти ноември, Миа Гранд Моторс организира Blue Friday, настапувајќи со посебни попусти за моделите на Ford и со можност купувачите да добијат подароци. Тоа што му дава посебна смисла на настанот е донаторската акција во хуманитарни цели, што е предвидена во неговите рамки.

Традиционалниот увозник на Ford втора година учествува во глобалната акција со големи попусти, но наместо познатиот „црн петок“, ја одбира симболиката на сината боја од логото на марката. Blue Friday подразбира големи попусти на сите возила на залиха, нови и користени, како и подароци за секое возило купено во тој петок и подароци за секое тест возење.

Салонот на Ми-Да Гранд Моторс ќе биде отворен до 20 часот во ноемвриските „сини петоци“

Во текот на Blue Friday деновите, Миа Гранд Моторс овозможува огромни попусти за сите нови и користени возила кои се на залиха. Од секое продадено возило тој петок, фирмата донира средства во домот за деца без родители. Вратите на нашиот салон ќе бидат отворени до 20 часот во петок и ќе зрачиме со сината боја која ја симболизира довербата и лојалноста на нашите потрошувачи,“ најавува Дритон Заири, генерален директор на Ми-Да Гранд Моторс.

Ford Focus test 1.5 ecoboost st-lineСината е една од боите што Ford во последниот период повпечатливо ја поврзува со врвните спортски модели од својата понуда. Секако, тоа е бојата што марката ја има во својата „основа“, во логото. Дека во оваа марка не станува збор само за боја, можете да прочитате во нашиот тест на новата генерација на Ford Focus.

 

Комплетен водич за новиот Ford Focus: Цени, опрема, мотори, перформанси

Ford со три награди од германскиот магазин Sport Auto

Ford Mustang Bullitt ѕвезда на најпознатата мото-патека во светот

Ford GT доби уште две години производство

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

загадување профит коментар

Коментар: Кој тоа профитира од загадениот воздух?

трамп царини автомобили

Трамп ги кани германските авто-босови во Белата Куќа