Ford претстави две нови мобилни апликации на светскиот мобилен конгрес во Барселона. Тие се развиени врз основа на апликациите кои Ford ги нуди во своите возила со платформа Sync 3 и имаат за цел да обезбедат беспрекорно водење до одредиштето. Добра музика, исто така
Апликацијата под име Sygic Truck Navigation е посебно наменета за возачите на товарни возила. Тридимензионалните карти функционираат и офлајн, и замислени се како помош во подрачјата без мобилна мрежа. Апликацијата води и по тесни улици и под ниски мостови, земајќи ги предвид димензиите на возилото. Корисникот може да избира меѓу најразлични конфигурации, од фургон со висок покрив и приколка, до камп-возило. Предноста е во тоа што Sygic Truck ја крои навигацијата точно според конкретниот вид на возило.
Втората апликација е what3words. Таа овозможува точно лоцирање на одредени места, само врз основа на три зборови што е потребно да ги наведе корисникот. Алгоритмот на оваа апликација ја има поделено целата земјина топка на квадрати со големина 3х3 метри. Секој од овие квадрати има сопствена адреса којашто се состои од три зборови. What3words моментно има ограничена достапност, односно може да се користи само во Велика Британија, Ирска, Германија, Шоанија, САД и Мексико. Во текот на годинава ќе биде проширена достапноста. За користење е потребно моделот на Ford да поседува Sync 3.
Пример: Кога апликацијата ќе ги регистрира зборовите „Gently, Talents, Quibble“, таа ќе го води корисникот точно на штандот на Ford на саемот за мобилна технологија во Барселона.
Ford денес соопшти дека познатата платформата за музички стриминг Tidal, со којашто раководат музичари, ќе биде достапна и за возачите на марката во Европа. Tidal во Европа е достапен за корисниците во Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Унгарија, итѕалија, Холандија, Полска, Шпанија, Шведска, Велика Британија.
За 50-годишниот јубилеј на Ford Capri: Втора генерација (1974 – 1977)
Ford Capri: Германскиот Mustang слави 50-годишнина
Ford Focus е автомобил на годината во Хрватска
Лимузински Ford Focus со 536 литри багажник почнува со продажба