за

Ford ќе ги произведува роботските автомобили на Google

Интернет гигантот го избра Ford како партнер за своите роботски автомобили. Партнерството ќе биде потврдено официјално во јануари на саемот на потрошувачка електроника во Лас Вегас.

Google ќе формира алијанса со Ford за производство на автомобили што управуваат самостојно. Интернет гигантот ќе ја обезбеди технологијата за автономно возење, додека Ford ќе биде задолжен за производството. Новото партнерство се очекува да биде објавено во јануари, на салонот на потрошувачка електроника во Лас Вегас. Спогодбата со Ford дозволува Google да соработува и со останатите производители на автомобили.

Засега само се шпекулира дали од соработката со Ford ќе произлезе целосно нов автомобили или технологијата на Google ќе се користи во некој од постоечките концепти. Двете компании веќе имаат воспоставено тесна соработка. Поранешниот шеф на Ford, Алан Малели во моментов е член на управниот совет во Google, а од неодамна и поранешниот шеф на развој во Ford, Џон Крафчик, поставен е за раководител на проектот за автомобилот на Google.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Норвешкиот град Осло вложува половина милијарда евра во велосипедски патеки

Kia Sportage изработен специјално за Икс-Мен