за

Ford тестира технологија што го „лови“ зелениот бран

Семафорите во иднина ќе поседуваат предаватели што на возачите ќе им прикажуваат со која брзина да продолжат да возат за следниот семафор да го минат на зелено светло. Според статистиките, возачите во Велика Британија секоја година минуваат по два денови чекајќи на семафор.

На возачите им се посреќува денот кога ќе фатат зелен бран на семафорите. Тоа може и да не биде работа на среќа, туку на технологија. Ford моментно тестира таква технологија што возењето во зелен бран ќе го направи секојдневие. Системот се нарекува советник за оптимална брзина за зелено светло и ја користи информацијата за циклусот на вклучување на светлата што ја добива од предавателите покрај семафорите, за на возачот да му ја прикаже потребната брзина за следниот семафор да го мине на зелено светло.

Ford smart_electronic_emergency_brakelight

Тестирањето на овој систем е дел од националната кампања на Велика Британија за развој на технологија за автономно возење и возила поврзани во комуникациска мрежа. Покрај Ford, во масовното тестирање учествуваат уште 15 фирми, во проект вреден 20 милиони фунти. Целта на воспоставувањето комуникација меѓу возилата и патната инфраструктура е возењето да биде попријатно и поефикасно.

Во Копенхаген и Амстердам веќе постои електронски контролиран зелен бран за велосипедисти

Според статистиките, возачите во Велика Британија минуваат по два дена во годината чекајќи на семафор. Системи што ја користат новата технологија веќе се применуваат во Копенхаген и Амстердам, овозможувајќи им на велосипедистите да го избегнат црвеното светло на семафор. Во случај кога вклучувањето зелено светло за велосипедистите не е можно, се прикажува времето додека истото се вклучи.

Ford Car2Car

Возниот парк од хибридните модели на Ford Mondeo се користи и за тестирање на електронски контролирани стоп-светла при опасност, коишто предупредуваат кога возило напред одненадеж сопира нагло и испраќаат сигнал до 500 метри оддалеченост, што значи и во случај кога незгодата е вон видното поле.

Следната година ќе се тестираат и системи за предупредување во случај кога возило е препречено на крстосницата напред, кога се приближува амбулантно, полициско или противпожарно возило, како и давање приоритет на возила на крстосници без сигнализација. Проектот продолжува во следните две години.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

lynk-co_01, geely

Нова кинеска марка Lynk & Co: Автомобил со еден сопственик и повеќе корисници

Американски возач докажува дека бетонот не се пробива со автомобил