за

Ford со најдобра ноемвриска продажба во последните 6 години

Ford продаде за една петина повеќе автомобили во ноември отколку во истиот месец лани. Вистински продажен бум постигна новиот Mondeo, чијашто продажба порасна за четирипати.

Дваесет проценти изнесува зголемувањето во продажбата што марката Ford го оствари во ноември на пазарот во Европа. Тоа е најдобра ноемвриска продажба на марката со синиот овал по „златната“ 2009 година. На дваесетте најголеми пазари во Европа, Ford во минатиот месец продаде 101.500 возила, односно 1.181.200 возила од почетокот на годинава.

Паралелно со растечката продажба на возила се зголеми и уделот на Ford на носечките пазари во Европа, и тој сега изнесува 8,1 проценти. На ниво на сите 50 европски пазари, уделот порасна на 7,7 проценти. Освежувањата во понудата од модели секако дека придонесе за позитивниот тренд во продажбата на Ford. Откако стартуваше продажбата летово, над 12.000 купувачи го нарачале новиот Ford Mustang, кој за првпат во 51-годишната историја е достапен и на европскиот пазар.

Речиси четирикратно зголемување на продажбата на знаменосецот Mondeo

Но, уште е поимпресивен резултатот на Mondeo. Продажбата на моделот од средната класа во ноември забележа раст од 350 проценти во споредба со ланскиот ноември, односно за 76 проценти од почетокот на годинава. Fiesta и натаму царува во својот сегмент и со 288.900 возила во единаесетте месеци е најпродаван автомобил во класата на европскиот пазар. Тоа е воедно и највисока продажба на Fiesta од 2011 година наваму.

Речиси сите моделски серии уживаат растечка популарност. Kuga „порасна“ за 19 проценти годинава и со 93.000 примероци ја има најдобрата продажба откако првата генерација дебитираше во 2008 година. Слични бројки има и кај малечкиот кросовер EcoSport и кај ванот S-Max.

Ford е најпродавана марка доставни возила годинава на европскиот пазар

Ниту доставните возила не останаа „поштедени“ Ford е најпродавана марка доставни возила годинава на европскиот пазар, вклучувајќи ја и новата генерација на пикапот Ranger. Во овој пазарен сегмент, Ford доминира уште поубедливо отколку во патничкиот сегмент, со удел од 12,7 проценти – тоа е најдобра вредност по 1996 година. Ranger е воедно и најпродаван пикап во Европа според статистиките од почетокот на годинава.

Ford е најпродавана марка во ноември во Велика Британија, Ирска и Унгарија, односно најпродавана марка годинава во Велика Британија и Унгарија. Пазарниот удел во ноември порасна на 14 од 20-те најголеми пазари за марката, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија, Франција и Италија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Clio RS 220 Trophy е најбрз малечок автомобил на Нирбургринг

Најквалитетните марки според магазинот Auto Bild: Kia прва, Fiat последен