за

Ford планира целосно автономно возило за 2021 година

Автономната технологија очигледно е високо на листата на приоритети на Ford. Се воспоставуваат стратешки соработки, се прошируваат тимовите, првото сериско возило следува за пет години.

Ford развива целосно автономно возило, коешто ќе се произведува во серија од 2021 година. Автомобилот нема да поседува волан и педали и ќе ги исполнува нормите за 4-то ниво на автономија според американското здружение на автомобилски инженери SAE. Возилото се развива првенствено за примена во новите сервиси за мобилност, коишто ќе го користат за услуги како „ride sharing“ и „robotaxi“.

За забрзување на развојот, Ford инвестира во технолошки претпријатија и стартува кооперации со бројни партнери. Ford обезбеди ексклузивна лиценца за производите на Nirenberg Neuroscience. Основачката на оваа фирма и врвен експерт за неврологија, др. Шила Ниренберг, го разби невроналниот код што човечкото око го користи за пренесување на визуелната слика до мозокот. Покрај тоа, сопствениот развоен тим на Ford во Силиконската Долина е проширен двојно, а соодветно ќе се зголеми и површината на кампот во Пало Алто.

Лидарските сензори се основа за автономното возење ноќе и веќе се корситат во сериското производство
Лидарските сензори се основа за автономното возење ноќе и веќе се корситат во сериското производство

Уште во текот на оваа година, американскиот производител трикратно ќе го зголеми својот возен парк од автономни возила за тестирање. Со околу 30 автомобили, Ford ќе располага со најголем возен парк меѓу сите производители на возила. Автономни верзии на Ford Fusion Hybrid моментно се тестираат во сојузните држави Калифорнија, Аризона и Мичиген. В година следува уште едно трикратно зголемување на возниот парк.

Цел „град“ подигнат за тестирање на технологијата на автономно возење

Во „Емсити“ веќе подолго време се тестираат автономните автомобили на Ford. Оваа огромна лабораторија на отворено во рамките на Универзитетот Мичиген е имитација на градска инфраструктура, со лажни објекти и патна мрежа во должина од осум километри, вклучувајќи кружен тек, семафори, тунел, поправки на патот, тротоари, мост, како и најразлични патни подлоги.

Ford Fusion Hybrid секојдневно врви по улиците на вештачкиот град Емсити заради усовршување на технологијата за автономно возење
Ford Fusion Hybrid секојдневно врви по улиците на вештачкиот град Емсити заради усовршување на технологијата за автономно возење

Покрај тоа, Ford го форсира развојот на автономните автомобили со тестирање на техниката на снег и воедно е прва марка што неодамна ја тестираше автономната технологија во услови на целосен мрак. Користејќи сензорска технологија составена од ласери и радари, тест-возилото самостојно ја извозе рутата по пустински пат, без користење на светлата на возилото.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

25-годишнина на Subaru SVX: Јапонскиот гран-туризмо со италијански гени

Париските улици недостапни за возила постари од 1997 година