за

Овие божикни песни најмногу ги нервираат возачите

ford анкета божикни песни

Половина од анкетираните возачи мрзат да го слушаат класичарот меѓу божикните песни Last Christmas од Wham. Ниту останатите божикни песни што го сочинуваат стандардниот репертоар на радијата во ова време не заостануваат на списокот.

Почната е сезоната на божикни песни кои се дел од машинеријата за масовно купување подароци во пресрет на католичкиот Божик. За неколку денови почнуваат и долгите застои и чекања во колона по улиците. Компанијата Ford го искористи овој период кога народот минува долго време во автомобилот, да спроведе анкета и да ги праша германските возачи, како тие реагираат на божикните песни на радиото.

Резултатот: На првото место на најомразени песни, неприкосновено и без двоумење, се наоѓа Last Christmas од Wham. Со мал заостаток следат Feliz Navidad и All I want for Christmas. Секако дека постои и круг на обожаватели кои активно се внесуваат во овие песни.

Петмина не ја поднесуваат, четворица ја обожуваат

Повеќе од половината испитаници не можат да ја поднесат Last Christmas. Но, голем дел од останатата публика ја обожува песната, конкретно 38 проценти. На листата на најомразени песни следат Feliz Navidad од Хозе Фелисијано и All I want for Christmas од Мараја Кери, со по 36 проценти. Еден од секои четири испитаници ги покрива ушите и на песни како Do they know it’s Christmas (Band Aid), White Christmas (Бинг Крозби) или Driving home for Christmas (Крис Риа). Подеднакво е голем и кругот на обожаватели, што значи дека без разлика која е песната на радио, еден од четирите патници во возилото сигурно ќе пее.

Во анкетата спроведена во почетокот на декември учествувале над 1.500 испитаници на возраст меѓу 18 и 75 години.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

citroen tubyk

Концептен автомобил за 40.000 евра, тркачки Citroen за 20.000 евра

биткоини mclaren

McLaren 720S се продава за 20 биткоини