за

Fisker Ocean ја користи електричната MEB-платформа на Volkswagen

fisker ocean vozenje
fisker ocean vozenje

Volkswagen ги нуди своите електрични платформи како основа што можат да ја користат и други производители, вклучувајќи помали компании. Засега единствено Ford се пријави за платформата, но веќе следи и вториот клиент.

Ford можеби нема да биде првиот производител надвор од концернот Volksagen, што ќе ја користи нивната платформа- MEB за електрични возила. Дебито може да му припадне на СУВ-моделот Fisker Ocean. Прототипот што овој несуден ривал на Tesla го претстави на саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас во почетокот од годинава, веќе ја користеше платформата MEB.

За изработката на шоу-возилото беше задолжен Italdesign, кој е огранок на Audi. Германскиот концерн имал интерес да ја отстапи платформата на Fisker, за да провери како други компании ќе ја искористат нивната платформа, односно каква форма на каросерија ќе изведат од неа. Моментно нема потпишано договор за соработка меѓу VW и Fisker.

При неодамнешното претставување на автомобилот на Вол Стрит, Fisker откри дека со користењето на платформата MEB се овозможило времето за развој на возилото да се преполови, исто како што се драстично се смалиле и трошоците. Неизвесно е дали Volkswagen ќе се реши да ја испорачува својата електрична платформа за САД. Во секој случај, тоа ќе му донесе дополнителен профит на концернот, а воедно ќе врати дел од трошоците за развој на платформата.

New item by Automedia MK / Google Photos

Покрај „скејтбордот“ од Волфсбург, Fisker од останатите компании ќе ги набавува и останатите компоненти, како управувањето, климатизацијата, системите за асистенција и софтверот за вмрежување. Завршната монтажа на возилото исто така ќе се одвива кај некој од постоечките производители на автомобили. Во компанијата ценат де е „неразумно да се гради сопствена фабрика, покрај 20% неискористен капацитет на светската автомобилска индустрија“.

Хенрик Фискер, извршен директор на компанијата и своевремено мошне успешен дизајнер во Aston Martin и други компании, најавува дека неговите автомобили ќе се разликуваат со дизајнот. Тој цени дека минималистичкиот дизајн на Tesla е здодевен. Според Фискер, „емотивниот дизајн ќе биде пресуден фактор при изборот на автомобил во иднина“. Fisker очекува да биде предводник во тој поглед, како во надворешниот, така и во внатрешниот дизајн.

New item by Automedia MK / Google Photos

Првите испораки на Fisker Ocean се планира да стартуваат кон крајот на следната година, за купувачи од ексклузивниот круг, но возилата ќе почнат да се испорачуваат помасовно дури во 2022 и 2023 година.

https://www.instagram.com/p/CCjE05WllTd/

https://www.instagram.com/p/CB4LQw0FmCv/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

porsche 911 turbo 992

Porsche 911 Turbo за 45 години порасна 320 КС

Не правете ги овие грешки при ракувањето со клима-уредот

Не правете ги овие грешки при ракувањето со клима-уредот