147
22 shares, 147 points

Работниците во фабриката на Fiat во Мелфи два дена нема да доаѓаат на работа. Така реши италијанскиот синдикат во знак на протест против скапиот трансфер на Кристијано Роналдо во Јувентус

Работниците во Fiat Chrysler Automobiles стапуваат во штрајк во знак на протест против басносновно скапиот трансфер на Кристијано Роналдо. Нивниот синдикат УСБ посочува дека е неприфатливо компанијата со години да бара работниците во Fiat и CNH да се откажуваат од соодветен надомест за својот труд, а притоа да си дозволи трошок од сто милиони евра за трансфер на фудбалер.

„Ни кажуваа дека времињата се тешки, дека треба да се потпираме на социјалната помош, додека чекаме да се лансираат новите модели кои никогаш не се појавуваат,“ открива синдикатот. „Додека работниците и нивните семејства ги стегаат ремените, сопствениците се решаваат да инвестираат големи суми за само еден човек!“ За жал, тоа е реалната ситуација кај италијанскиот производител на автомобили: „Дали е тоа праведно? Дали е нормално еден човек да заработи милиони, додека илјадници семејства не можат да издржат до средината на месецот?“

Повеќето од вработените се веќе трета генерација во семејната низа која што работи за Fiat. Синдикатот бара компанијата да вложува во автомобили коишто гарантираат иднина за илјадници лица, место да богати само еден човек. На тој начин, Fiat ќе покаже дека првенствено се интересира за своите вработени, место за светот на играта, забавата и сé останато.

Од овие причини, синдикатот УСБ прогласува штрајк во фабриката на Fiat Chrysler Automobiles во Мелфи, од недела 15-ти јули до вторник 17-ти јули.

Кристијано Роналдо премина од Реал Мадрид во Јувентус по цена од 110 милиони евра. Јувентус е во сопственост на холдингот Ексор, компанија под контрола на семејството Ањели, заедно со Fiat Chrysler Automobiles.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

147
22 shares, 147 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *