за

Српската фабрика на Fiat паузира, нема делови од Кина

Fiat Србија
Fiat Србија

Бидејќи доцни испораката на делови што пристигаат од добавувачите во Кина, поради вирусот корона, во фабриката на Fiat во Србија привремено мораше да се прекине производството на автомобили.

Fiat привремено го прекина производството на моделот Fiat 500L во својата фабрика во Крагујевац, Србија.

Причина за тоа е отежнатата испорака на делови за системи за озвучување, поради вирусот корона во Кина, од кадешто пристигаат деловите. Веста ја потврдија и новинските агенции Ројтерс и Блумберг.

Од српската фабрика најавија дека производството ќе продолжи кон крајот на месецов. Според компанијата, прекинот нема да влијае врз предвидената продукција на ванот Fiat 500L во Крагујевац.

Италијанско-американската компанија Fiat Chrysler Automobiles е прва што го прекина производството во фабрика на европска територија поради вирусот корона.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki Санремо

Suzuki уште една ѕвезда на фестивалот Санремо

стари електрични smart

Фанови поправаат стари електрични Smart, ги нудат за 6.500 евра