за

Fiat го ограничува пристапот во фабриките поради вирусот

fiat корона
fiat корона

Ширењето на вирусот корона остава последици и врз автомобилската бранша. Fiat го ограничува пристапот во фабриките, додека една позната дизајнерска компанија од Италија целосно ги затвори портите на неодредено време.

Вирусот корона се шири во северна Италија. Заразени се најмалку 165 лица во целата земја, четири починаа, а повеќе региони се под карантин. Најголемиот производител на автомобили во земјата, Fiat, воведе режим за пристап до фабриките. Лицата што престојувале во еден од 13-те региони, во коишто е раширен вирусот, не смеат да пристапат во фабриката на неодредено време.

Производителот испратил допис до своите добавувачи, како и до посетителите, со кого што ги известува за ограничувањата. Истото важи и за лица, кои во последните 15 денови престојувале во Кина или друга азиска земја, или имале директен контакт со заразени лица.

Фабриките во принцип продолжуваат да работат непречено. Наспроти тоа, дизајнерскиот центар Italdesign од предострожност целосно ги затвори своите два центри во Торино. Причина за тоа е нивен вработен, кој се инфицирал од заболувањето на белите дробови што почна да се шири од Кина. Компанијата работи на идентификација на лицата што биле во контакт со заразеното лице.

Повеќето инфекции се настанати во околината на Кодоњо, место оддалечено 60 километри југоистично од Милано.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes benz banka

Банката на Mercedes лани склучила договори вредни 13,3 млрд. €

ford kuga efikasnost 1

Потрошувачката на новата Ford Kuga е намалена до 30 проценти