119
17 shares, 119 points

Итало-американскиот концерн Fiat Chrysler и Renault преговараат за соработка. Можно е Fiat со своите марки да се приклучи во алијансата меѓу Renault, Nissan и Mitsubishi.

Повеќе влијателни медиуми објавуваат дека автомобилските концерни Fiat Chrysler и Renault се во напредната фаза на преговори за соработка. Информациите потекнуваат од менаџери во преговарачките тимови, чијшто идентитет не се открива. Секако дека постои можност воопшто да не се постигне договор за соработка.

Според „Фајненшел Тајмс“, соработката би требало да обезбеди предности во соочувањето со структурните потешкотии на глобалната автомобилска индустрија. Шефот на Fiat Chrysler, Мајк Манли, пред извесно време изјави дека е подготвен за секакво партнерство, фузија или соработка којашто ќе направи концернот да биде посилен.

Италијанците водат преговори и со францускиот PSA

Потпишувањето на писмото со намери за соработка би можело да се случи уште денес. Планот е Fiat Chrysler да се приклучи во алијансата меѓу Renault, Nissan и Mitsubishi. Проблем може да претставуваат затегнатите односи меѓу Renault и Nissan, кои се потенцијална опасност за предизвикување компликации.

Алијансата лани продаде 10,76 милиони возила. Со продажбите на итало-американскиот концерн, бројката ќе се зголеми на повеќе од 15 милиони. Тоа би било многу повеќе од концернот Volkswagen, со неговите 10,73 милиони возила.

FCA веќе разговарале и со француската групација PSA, но таа соработка би се сведувала само на заедничко користење на платформите. Наспроти тоа, преговорите со Renault се одвиваат со забрзано темпо и се разговара и за размена на технологии.

Италијанците имаа лош старт годинава. Заработката во првиот квартал е преполовена, што се должи главно на слабата продажба во САД и Европа. На американскиот пазар, како најголем единечен пазар за концернот, во првите три месеци од годинава биле пласирани 14 проценти помалку возила.

Кај Renault исто така има за 5 проценти намален промет во првото тромесечје. Конкурентот на Volkswagen и PSA западна во менаџерска криза пред крајот на минатата година, откако тогашниот шеф Карлос Гон беше притворен, поради наводни берзански манипулации. Во јануари, шефувањето го презедоа Жан-Доминик Сенард од Michelin и Тјери Болоре, дотогашен заменик на Гон.

Fiat 500X стана половина милионер

Стинг и Шеги во спот за славеничката серија на Fiat 500

Mitsubishi со најмалку проблеми кај германските возачи, Fiat и Mini последни

Fiat во Италија плаќа до 6.000 евра за стар автомобил


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

119
17 shares, 119 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *