129
18 shares, 129 points

Fiat Chrysler имал и подобри времиња. Заработката доаѓа единствено од Jeep и RAM. Опаѓа продажбата на Alfa Romeo, Fiat стагнира, а згора на сé, отсуствуваат најави за електрични автомобили. Дали спојувањето со Renault, Nissan и Mitsubishi ќе ги реши сите проблеми?

Целото внимание на автомобилскиот свет од понеделникот е насочено кон Fiat и Renault. Итало-американскиот концерн предложи спојување со францускиот производител. Доколку успее фузионирањето, тоа ќе биде еден од најголемите концерни во светот. Renault-Nissan-Mitsubishi лани продаде 10,7 милиони возила или околу 200.000 помалку од Volkswagen. Заедно со Fiat, бројката би се зголемила на повеќе од 15 милиони.

Преговорите со Renault се во тек, Французите потврдија дека се заинтересирани

Аналитичарите ценат дека Fiat-Chrysler му одговара на Renault. Итало-американскиот концерн подолго време се обидува да воспостави соработки, алијанси или фузија. Многумина експерти веруваа дека Fiat ќе постигне соработка со концернот PSA, меѓутоа преговорите со Renault достигнаа многу понапредна фаза. Очигледно е дека и Французите не се многу „изненадени“ и дека спојувањето со Renault е веќе договорено во начелни рамки.

Fiat е голем проблем, со стара моделска понуда и без електрични модели во најава

Fiat опстојува главно со продажбата на веќе застарениот Fiat 500. Не се инвестира во Европа, фабриките не работат оптимално, а повеќе од половината од продажбата на марките од концернот FCA отпаѓа на Северна Америка. Соработката со Renault ќе реши многу проблеми во тој поглед.

Кои се марките на можниот иден гигант од Renault и Fiat и колку се силни тие?

1. Chrysler, Dodge, RAM и Jeep

Jeep Wrangler Carabinieri

Американските марки најмногу ја полнат касата на коцнернот, првенствено Jeep и специјалистот за пикапи RAM. Проблем за иднината е тоа што нема планови за електрификација на погонот и за автопилотирано возење. Renault-Nissan-Mitsubishi е најсилен токму во тие подрачја.

2. Fiat

Fiat_500-Star-Fiat-500-Rockstar

Марката од Торино подолго од десет години живее од ретро-моделот Fat 500 и од неговите варијанти, ванот 500L и кросоверот 500X. Со исклучок на едноставниот Tipo, речиси нема поместување во некогашниот европски број 1.

3. Alfa Romeo

Не успеа обидот Alfa Romeo да постигне продажен бум во САД. На спортската марка исто така и недостига електричен погон. Нема средства за развој на нови генерации на Giulietta или Mito.

Прашање е каква корист ќе имаат Renault и Nissan од Alfa. Точно е дека нив им недостига спортска марка со силен имиџ, што ги буди емоциите. Но, митот за Alfa е останат во 1970-те години. Вистинските алфисти веќе одамна се имаат откажано од новите модели. Тоа што може да се искористи е дизајнот на марката, кој секогаш се издвојувал. Во меѓувреме Infiniti си замина од европскиот пазар. Тоа е само уште еден знак дека спојувањето било планирано уиште одамна.

4. Ferrari и Maserati

Ferrari Cavalcade 2017

Кој концерн не го сака Ferrari под свој покрив! Таму сé е под конец, вклучувајќи го и хибридниот погон кој го чека првото вградување. Проблемот е Maserati, како марка што живее само од дизелот и од атмосферските мотори V8 (од Ferrari) со продорен звук. Како електрична марка, Maserati нема шанси. Таа може да биде жртва од спојувањето со Renault.

5. Renault и Dacia

Малечките и компактните модели се загрозени од строгите еко-норми на ЕУ. Спојувањето ќе биде од корист за двете страни. За разлика од алијансата меѓу PSA (Peugeot/Citroen) и Opel, можното спојување на Fiat и Renault ја има предноста што нема поклопување на моделите. Италијанците моментно не контрираат на Clio или Megane, а најмалку на Talisman.Renault Clio V Zeneva

6. Nissan и Mitsubishi

Mitsubishi Eclipse Cross

Nissan Leaf е светска ѕвезда на сцената на електромобилноста и неговата техника би можело да се користи и во идните модели на Fiat и Chrysler. Проблем се многубројните СУВ-модели на Nissan и Mitsubishi, кои се директни конкуренти на култната марка Jeep, но од друга страна и самите имаат големо име меѓу теренските возила и бесмислено е тие модели да се жртвуваат.

Олеснување е тоа што пазарот уште е гладен за нови СУВ-модели, така што мало дотерување на имиџот на секоја марка одделно може да биде вистинско и брзо решение. Голема корист е плагин-хибридниот погон на Mitsubishi Outlander PHEV, кој е добредојден за Jeep. Кај пикапите веќе има соработка: Fiat Fullback е близнак на Mitsubishi L200.

Fiat ќе профитира во електричниот погон, Renault ќе добие пристап на пазарот во САД

Јасно е дека итало-американските марки ќе профитираат многу од соработката со Renault-Nissan-Mitsubishi. Но, постои интерес и за Французите, кои би добиле одлична можност за враќање на пазарот во САД. За Nissan нема проблем, тамошниот пазар е пробиен веќе одамна. Fiat може да возврати и со силната позиција на пазарот за товарни возила во Јужна Америка.

Прашање што ќе биде пресудно во преговорите секако дека е задржувањето на работните места во фабриките во Италија. Renault е под силно влијание на француската влада, која нема да дозволи затворање на работните места во земјата. Од друга страна, Италијанците уште одамна го гледаат FCA како да е странски концерн. Седиштето е во Амстердам и Лондон, а заработката се постигнува во САД. Фамилијата Ањели би можела да го продаде концернот или евентуално да се компензира преку акции во Renault-Nissan.

Fiat и Renault преговараат за соработка

Mitsubishi со најмалку проблеми кај германските возачи, Fiat и Mini последни

Fiat во Италија плаќа до 6.000 евра за стар автомобил

Што се случува меѓу PSA и Fiat?

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

129
18 shares, 129 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *