134
21 shares, 134 points

За тоа се шпекулираше подолго време и сега навистина се случи. Престана производството на Fiat Punto, за наследникот уште нема потврда.

Fiat Punto повеќе не се произведува. Италијанските медиуми веќе го објавија тоа. Првпат по премиерата во 1993 година, името на славната моделска серија не се наоѓа во производственото портфолио на фабриката на Fiat во Мелфи.

Fiat Punto 1993_1

Продажбата на наследникот на Fiat Uno започна во 1993 година, во каросериски изведби со три и со пет врати. Автомобилскиот свет имаше големи очекувања за новиот модел од славната низа, но Punto не само што ги исполни, туку и неколкукратно ги надмина овие очекувања.

Fiat Punto не се разликуваше само по дизајнот, туку постојано воведуваше технички иновации и имаше најразновидна моделска понуда

По традиција, дизајнот го создаде Џорџето Џуџаро. За стилот на кабриолет изведбата беше задолжен Bertone. Матичната фабрика за производство на моделот беше Мелфи. Fiat Punto постигна неверојатен успех, надминувајќи ја дури и продажбата на Ford Fiesta. Во 1995 година, Италијанците ја освоија и титулата на автомобил на годината во Европа. Во следната година, Fiat го имаше најпродаваниот автомобил во Европа.

Punto 1999

Втората генерација пристигна во 1999 година, за што беше организиран и незаборавен спектакл во Торино, со прусуство на повеќе од илјада специјализирани новинари од цел свет. Fiat ја прославуваше стогодишнината (со задолжителната забелешка во македонското автомобилско новинарство: присуствуваше и авторот на текстов). Голема сензација беше копчето City, со коешто воланот „олеснуваше“ за паркирање. Денес речиси не постои модел на пазарот во когошто не се нуди приспособливо подвозје.

Третата генерација стана Grande Punto и ја делеше платформата со Opel Corsa D

Изгледот на предниот дел се смени радикално со моделското освежување во 2003 година, со големите предни светла. Продукцијата во меѓувреме достигна пет милиони примероци.

Punto 2003

Во 2005 година пристига третата генерација, како основа за натамошната еволуција којашто води до моделот што уште извесно време ќе може да се најде во продажните салони на марката. Новата генерација се води како Grande Punto, го носи непогрешливиот стил на Џуџаро, а основата е развиена заеднички со General Motors. Истата основа ја користат и Opel Corsa D и Alfa Romeo MiTo.

Fiat Grande Punto

На основа на Grande Punto беше изработен и првиот „нов“ Abarth, во 2007 година. Abarth Grande Punto користи 1,4-литарски турбо со 155 КС, односно со 180 КС во верзијата Esse-esse.

Фејслифтот следи во 2009 година, кога и името се менува соодветно во Punto Evo. Повторно се случува спектакл, со премиерно појавување на Evo на палубата на италијанскиот воен носач на авиони во Сиена (… повторно присуствуваме). Паралелно со новиот модел се нуди и Grande Punto, како поевтина изведба. Не недостига ниту Abarth, со 1,4-литарски Multiair со 165 КС и дополнително разлутена верзија Esse-esse.

Fiat Punto Evo prezentacija_2

Официјална потврда за наследникот немаше ниту при претставувањето на петгодишниот план во јуни

По седум години, Fiat уште не го заменува моделот со нова генерација, туку едноставно го преименува во Punto. Продукцијата во Мелфи беше во постојано опаѓање во последните неколку години. Местото на Punto во фабриката постепено почнаа да го зафаќаат Jeep Renegade и Fiat 500X.

Punto 2018

Првата генерација достигна 3,43 милиони примероци. Втората генерација запре на 2,96 милиони примероци, а „последните“ Punto (Grande Punto, Punto Evo, Punto) најдоа 2,67 милиони примероци.

Уште нема официјална потврда околу наследникот. До пред извесно време се шпекулираше дека тоа ќе биде Argo, автомобил што Fiat го понуди на пазарот во Јужна Америка. Ниту при големото јунско претставување на плановите за следните пет години немаше никаков збор околу наследникот на Fiat Punto.

Fiat Punto

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

134
21 shares, 134 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743