за

Fiat повеќе нема да произведува малечки автомобили

Олдтајмери електричен погон

Fiat ќе се повлече од сегментот на најмалите автомобили поради неисплатливост. Новиот партнер PSA има модели што можат да послужат како основа, но тоа ќе биде крај на една долга и вредна традиција на Италијанците со малечките автомобили.

Fiat Chrysler планира да се повлече од сегментот на најмалечките автомобили, каде што концернот моментно постигнува солидно пазарно учество. Повеќе автомобилски производители го најавија истиот чекор, откако моделите во сегментот станаа прескапи, поради неопходноста од скапа техника за пречистување на издувните гасови и исполнување на строгите норми.

Шефот на Fiat Chrysler, Мајк Манли, при претставувањето на деловните резултати најави дека „во блиска иднина ќе се концентрираме на сегментите со поголема продажба и повисоки маржи, а тоа значи и откажување од сегментот на најмалечките автомобили.“ Концернот очекува дека клиентите ќе се префрлат во една класа погоре, кај градските автомобили.

Fiat 500 tri mio

Проблемот е во тоа што Fiat Punto престана да се произведува лани и нема наследник. Моделите Panda и „500“ доминираат на европскиот пазар на мини-автомобили, но веќе се застарени и неопходна е замена со нова моделска генерација. Fiat 500 е на пазарот уште од 2007 година, додека актуелната Panda беше претставена во 2012 година.

Без електрични и хибридни модели во понудата, Fiat ќе мораше да плаќа скапи казни за надминување на лимитот на СО2

FCA се соочува со застарена моделска понуда и нема електрични автомобили. Според првичните планови, Fiat требаше да стапи во соработка со електро-специјалистот Tesla, заради избегнување на високите казни за надминување на лимитот за СО2. Итало-американскиот концерн постигнува профит единствено поради одличната продажба на пикапите што Chrysler ги нуди на пазарите во Северна Америка.

Спас за кризната компанија може да обезбеди неодамна објавената фузија со францускиот концерн PSA. Peugeot и Citroen, поседуваат конкурентни мини-автомобили, кои се дел од соработката со Toyota (Aygo) и кои исто така може да се искористат како основа за соодветен модел на Fiat. Покрај тоа, концернот поседува и искуства во електричниот погон.

Дизелот спадна на 31%, електричните со двојно зголемување

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Идриз Елба ќе го претстави електричниот СУВ на Ford на 18-ти ноември

Стартот на електричниот Volkswagen ID.3 ја мобилизираше и Меркел