127
18 shares, 127 points

Три илјади километри, седум брзинци и 400 тимови од целиот свет. Тоа се бројките од десеттото издание на Panda Raid, релито во коешто смеат да возат само старите годишта на Fiat Panda.

Додека сите погледи беа насочени кон салонот во Женева во последниве денови, познавачите имаа уште еден важен настан за следење. Минатиов викенд заврши Panda Raid 2018, релито од најтешка категорија во коешто можат да учествуваат само модели на Fiat Panda Што се произведени пред 2003 година. Верзии со погон на сите тркала, но и само на предната оска, уште на 3-ти март стартуваа од Мадрид, за седум дена подоцна да пристигнат во Маракеш, соочувајќи се со сите предизвици на мароканската пустина.

Panda Raid е предизвикувачки потфат и за многу поголеми теренци (поточно, СУВ модели)

Дека не станува збор за „играчка“ сведочи и тоа што Panda Raid е дел од календарот на Rally Raid, во когошто спаѓа и легендарниот Дакар. Релито годинава се возеше десети пат, со рекорден број од 400 примероци на Panda од претходните генерации. Учесници пристигнаа од сите краишта, од Аргентина до Камбоџа и од Пенсилванија до Италија.

Fiat Panda Raid 2018 2

Од 1980 година до денес, Fiat има произведено над 7,5 милиони примероци од малечкиот автомобил со „фијатовски“ голем имиџ. Познавачите никогаш не се сомневале во способностите на овој мини-теренец од 3,7 метри, кој успевал да совлада предизвици пред коишто потклекнуваат многу поголемите и тешки теренци – токму поради тоа што се големи и тешки.

Единствено Fiat Panda во својата класа нуди четири верзии на мотори (бензин, дизел, автогас и метан), три моделски верзии (Urban look, City Cross и 4×4), две погонски варијанти (на сите тркала и напред) и два менувачи (мануелен и роботизиран Dualogic)

Од спектакл-мајсторот, за каков што важи Fiat, беше за очекување дека на релито ќе се појави и примерок од актуелната генерација. Fiat Panda Cross 4×4 го извозе целиот курс. Panda е актуелен бестселер во Италија, а во минатите 15 години постојано е меѓу најпродаваните модели во својот сегмент на европскиот пазар.

Уште неколку моменти од историјата на Fiat Panda

  • 1983 година Прв модел во класата со погон на сите тркала
  • 2004 година – Прв градски автомобил со титула на Автомобил на годината во Европа
  • 2004 година – Прв градски автомобил што се искачил на 5.200 метри, на базниот камп на Еверест
  • 2006 година – Прв големосериски автомобил со погон на автогас

Fiat Panda Raid 2018 3

Fiat Panda Raid 2018 4

Fiat Panda Raid 2018 1

Fiat Panda Raid 2018 5

Fiat 500 се појави на сребрена монета од пет евра

Fiat Tipo е новиот Dodge Neon во Мексико

Fiat продава преку Amazon во Италија со попуст до 30 проценти

Заборавете го Кен Блок, ова е дрифт-двобој меѓу Fiat Uno и Suzuki Swift

Fiat Uno наполни 30 години

Ова се најеколошките (и најевтини) автомобили на македонскиот пазар


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

127
18 shares, 127 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743