за

Во Пандино се собраа 365 сопственици на Fiat Panda

Fiat Panda a Pandino

Fiat Panda за Италијанците е „Пандино“. Во Ломбардија постои град со тоа име. Сосем логично, сопствениците на малечкиот модел на Fiat повторно се собраа на средба во Пандино

Најголемиот собир на сопственици на Fiat Panda во светот почна пред неколку години, како идеја за заедничко дружење на неколку пријатели во ломбардиското гратче Пандино. На собирот годинава пристигнаа возила отсекаде, од Германија, Италија, Белгија, Шпанија, Велика Британија, Австрија – вкупно 365 возила. Тоа е речиси двапати повеќе од лани, кога собирот се одржа првпат како официјален настан.

Fiat дополнотелно му даде свечен карактер на „Panda a Pandino“ во средновековникот замок Кастело Висконтео, со премиерата на Panda Waze. Станува збор за специјална серија којашто е опремена со инфо-забавниот систем Uconnect, според истоимената мобилна апликација. Waze им овозможува на повеќе од 100 милиони корисници низ светот да споделуваат сообраќајни информации во реално време. На тој начин, со навигацијата на телефонот секогаш може да се најде најдобрата рута.

Учесниците на овогодишното издание на „Панда во Пандино“ извозеа тура низ Ломбардија и донираа средства за локална хуманитарна организација.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen бразил меркосур

Јужна Америка ја преполовува царината за автомобили од ЕУ

електричен минибус zf e.go

Добавувач на авто делови ќе произведува електричен минибус