138
22 shares, 138 points

Серџо Маркијоне е човекот кој ги спаси Fiat и Chrysler, а требаше да се повлече од шефовското место дури в година. На неговото место доаѓа Мајк Манли од Jeep

Серџо Маркијоне мора од здравствени причини да го напушти директорското место во Fiat Chrysler. По операцијата на рамо дошло до неочекувани компликации, кои што дополнително се усложниле во постоперативниот период. Fiat Chrysler официјално го соопшти тоа.

Во соопштението од Ferrari се наведува дека 66-годишниот менаџер ја напушта и позицијата на претседател и шеф на управниот одбор на фирмата ќерка од Маранело. Со тоа се потврдија гласините коишто се расчуја уште во петокот.

Нов шеф на Fiat Chrysler станува досегашниот прв човек на Jeep

Раководењето со Fiat Chrysler го презема Мајк Манли, кој веќе неколку години е во врвниот менаџмент на италијанско-аамериканскиот концерн и досега беше одговорен за марката Jeep.
Нов претседател на Ferrari станува Џон Елкан, член на фамилијата Ањели и претседател на Fiat. Надзорниот одбор го именуваше Луи Ц. Камиљери за генерален директор на Ferrari. Тој досега има извршувано раководни функции кај тутунскиот гигант Philip Morris.

Маркијоне требаше да го препушти шефовското место во Fiat Chrysler дури в година. Тој го презеде кормилото на Fiat во 2004 година, кога италијанскиот производител се наоѓаше пред банкрот. Десет години подоцна следеше и преземањето на американскиот ривал Chrysler, кој исто така се наоѓаше во незавидна ситуација.

fiat серџо маркијоне

Од спојувањето на компаниите во есента 2014, вредноста на акциите порасна за близу 350 проценти. Тоа е пораст што не го остварила ниту една друга компанија во автомобилската бранша оттогаш. Маркијоне најмногу се фокусираше на марките од таканаречените ниш-сегменти.

За крајот на својата кариера, Итало-Канаѓанецот ја исполни и последната голема цел, да го ослободи Fiat од долгови. Тој неодамна ја претстави стратегијата за следните пет години. Со неа им се дава повеќе значење на марките Alfa Romeo, Maserati, Ram и особено Jeep.

За обвинувањата дека Fiat Chrysler исто така вршел манипулации со издувните гасови кај своите модели со дизел мотор, Маркијоне тогаш коментираше: „Тој што нé доведува во ист контекст со германските производители, мора да комзумирал нешто илегално.“ Такви манипулации кај итало-американскиот производител уште не се докажани.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

138
22 shares, 138 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743