147
19 shares, 147 points

Големите салони на автомобили порано беа големи поради необичните концепти и поради премиерите на сериски модели што јавноста ги немаше видено претходно. Овие три концепти на групацијата Fiat предизвикуваа одушевување и многу нагаѓања околу тоа што требаше да следи од нив: Alfa Romeo Proteo, Fiat Scia, Lancia Diagolos.

Автомобилскиот свет до последната деценија од минатиот век буквално живееше од салон до салон. За разлика од денес, само малку се знаеше за новитетите и тоа што доживуваше премиера на салоните одекнуваше како бомба. Точно од тие времиња потекнуваат овие три концептни автомобили, од мајсторот на спектаклите под рефлекторите на автомобилските салони, концернот Fiat.

Alfa Romeo Protéo е двосед со стаклен покрив, кој може целосно да се смести зад седиштата и купето да се претвори во расен „spider“. Името не беше случајно. Протеј е грчки бог на морето, кој е способен да се видоизменува.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Премиерата беше во Женева во 1991 година. Како основа послужи скусена платформа од Alfa Romeo 164. Моторот беше легендарниот трилитарски V6, со моќност зголемена на 260 КС. Технички хит тогаш беа управувањето на сите тркала и електричното дотерување на амортизерите. Погонот на сите тркала, исто така.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Неколку детали од дизајнот на Proteo се најдоа кај Alfa Romeo Spider и Alfa Romeo GTV од серијата 916. Извесно време во понуда беше посебно сјајната металик боја на концептот, наречена Proteo Rosso.

Италијанските марки ја развеселуваа сцената, но „здодевните“ марки продаваа повеќе

Fiat Scia е отворен двосед на шасија на Punto. Нема покрив, а внатрешноста е отпорна на вода. Формата на каросеријата на концептниот автомобил од салонот во Торино во 1993 година потсеќа на глисер. Од Scia подоцна произлезе Fiat Barchetta во превод „кајче“.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Lancia Dialogos се појави во 1998 година на салонот во Торино. Формите само делумно се појавија во серискиот автомобил со име Thesis, но и тоа беше доволно за престижната лимузина да се двои како ден од ноќ во уличната слика. Посебност беа и биодинамичкиот ентериер, кој со напредна технологија, скапи материјали и органски форми имаше цел да направи патувањето да биде колку може поудобно.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Концептниот автомобил прикажа свежо толкување на традиционалниот дизајн на Lancia. Карактеристични се високата маска, долгата хауба и заоблените линии. Каросеријата се подигнува и спушта, вратите се отвораат спротивно една од друга и нема столб меѓу нив, а предните седишта се завртуваат нанадвор. Вратите се отвораа со електромотор, воланот можеше да се помести пред совозачот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Многу детали беа мошне напредни за тоа време, а дел од нив уште се најавуваат како новитети за следните моделски генерации кај голем број производители.

 

 

 

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

147
19 shares, 147 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *