117
16 shares, 117 points

Спојувањето меѓу Renault и Fiat Chrysler е главна тема во браншата деновиве. Доколку во заедничкиот концерн се приклучат и Nissan и Mitsubishi, тоа ќе биде новиот број 1 во светот. Но, какви се моментните продажни бројки што итало-американскиот концерн ги постигнува на големиот пазар од другата страна на океанот и што влегуваат во идната заедничка сметка?

Три рекорди за Fiat Chrysler на еден од двата домашни пазари на концернот, во САД, во месецот кога Renault потврди дека е заинтересиран за предложената фузија со итало-американскиот производител. Специјалистот за пикапи, RAM, дванаесет месеци во низа бележи рекордни продажби. Мај беше најдобар месец во историјата и за Jeep Grand Cherokee, односно за Dodge Charger во последните шест години. Вкупно се продадоа 218.702 возила во петтиот месец од годинава, што е за 2% повеќе од ланскиот мај.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Американските шефови се горди на тоа што просечната цена на продадено возило се зголемила за 3.000 долари. Новиот Jeep Gladiator го имаше првиот месец на пазарот и постигна над 2.500 продажби. Тоа е десетпати помалку во споредба со шампионот на теренската марка, Grand Cherokee. Убедливо најпродаваниот модел сепак не доаѓа од Jeep или Dodge и Chrysler, туку од RAM. Нивната серија пикапи во мај се продала во 67.117 примероци.

Четири од секои десет продадени автомобили на Fiat Chrysler на американскиот пазар се од марката Jeep

Вкупно, концернот во периодот од јануари до мај продал 890.027 возила или за 3% помалку од истиот период лани. Најпродавана марка е Jeep, на којашто отпаѓаат повеќе од 40% од вкупната продажба на концернот. Втора марка е RAM, со повеќе од 250.000 продадени возила, следи Dodge со близу 190.000 примероци, Chrysler е последна „домашна“ марка со нешто повеќе од 51.000 возила до мај.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во споредба со американските гиганти, Fiat постигнува незначителни бројки, со вкупно 4.170 примероци од моделското семејство 500 и Spider, додека продажбата на Alfa за петте месеци изнесува 7.442 возила. Maserati и Ferrari не се вклучени во овие бројки. Бројките на италијанските марки ја покажуваат новата ориентација на американските купувачи, поттикнати од „Да направиме Америка повторно да биде голема“ на претседателот Трамп. Продажбите на домашните марки бележат далеку помал пад отколку на Fiat и Alfa. Најдоброто сведоштво за новото расположение е продажбата на RAM. Марката со пикапите единствена постигнува раст во продажбата.

Продажба на возила од марките на Fiat Chrysler Automobiles (FCA)

(јануари-мај ’19, пазар во САД)

Модел

Примероци

Тренд

Compass

64,537

-11%

Patriot

12

-98%

Wrangler

96,930

-12%

Gladiator

3,021

New

Cherokee

81,384

-11%

Grand Cherokee

103,612

13%

Renegade

29,959

-29%

JEEP
379,455
-7%

Ram P/U

231,382

22%

ProMaster Van

20,775

55%

ProMaster City

5,784

10%

RAM
257,941
24%

200

35

-96%

300

12,953

-36%

Town & Country

3

-40%

Pacifica

38,490

-29%

CHRYSLER
51,481
-31%

Dart

10

-97%

Avenger

1

-50%

Charger

36,012

4%

Challenger

23,601

-23%

Viper

2

-86%

Journey

38,727

-6%

Caravan

59,732

-15%

Durango

31,453

15%

DODGE
189,538
-7%

500

1,386

-27%

500L

309

-59%

500X

1,284

-53%

Spider

1,191

-20%

FIAT
4,170
-39%

Giulia

3,578

-34%

Alfa 4C

82

-14%

Stelvio

3,782

-17%

ALFA ROMEO
7,442
-26%
FCA
890,027
-3%

Спојување на Renault и Fiat веќе во следната недела

Што ќе донесе мега-спојот меѓу Fiat и Renault?

Fiat и Renault преговараат за соработка

Fiat 500X стана половина милионер

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

117
16 shares, 117 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *