151
25 shares, 151 points

Додека Македонија го празнува Илинден, празнуваат и купувачите на Fiat Chrysler во Италија. На 2-ри и 3-ти август се случуваат мега попусти, кои достигнуваат 8.000 евра за Stelvio или 10.000 евра за Cherokee

Летно автомобилско расположение ни пристига од Fiat Chrysler, но само преку информацијата од Италија. На 2-ри и 3-ти август, додека Македонија го празнува Илинден, марките на итало-американскиот концерн одржуваат „маратон во попусти“. Слоганот е стокмен како што тоа умеат да го изведат само вештите пропагандисти во Торино: „Откажете ги летовите и отпатувајте на летен одмор со нов автомобил.“ Кој уште би одолеал на таква понуда.

Fiat, Maraton popusti

„Maratona dei Prezzi” важи за сите модели на Jeep, Alfa Romeo, Fiat, Lancia и Abarth, според принципот плати-вози. Fiat Tipo поевтинува за 5.000 евра, Jeep Compass за осум илјади, додека Alfa Romeo Stelvio е поевтин речиси за една „панда“ – точно 8.000 евра.

Воопшто не е ситно испишан текстот дека се работи за ограничен број примероци, а тоа обично значи дека треба да се реагира колку е можно побрзо.

Маратонот на цените по марки:

Jeep

Jeep Renegade 5.000 евра
Jeep Compass 7.000 евра
Jeep Cherokee, Grand Cherokee, Wrangler 10.000 евра

Alfa Romeo

Mito 4,000 евра
Giulietta, Stelvio 8,000 евра
Giulia 9.000 евра

Fiat, Abarth, Lancia

Fiat Panda, Fiat 500 3.500 евра
Fiat 124 Spider, Qubo, 500X 4.000 евра
Punto, 500L, Tipo 5,000 евра
Doblò до 5,500 евра
Abarth 124 Spider 8.000 евра
Abarth 595 5.000 евра
Lancia Ypsilon 3.500 евра


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

151
25 shares, 151 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743