137
18 shares, 137 points

Судовите во САД му кројат високи казни на италијанско-американскиот концерн Fiat Chrysler поради скандалот со лажирањето на вредностите на издувните гасови од дизел моторите. Акциите во Милано веднаш забележаа пад од 4,5 проценти, по објавите на агенцијата Bloomberg пред викендот. Американските судови испратиле допис до адвокатите на автомобилскиот производител. Во дописот се наведува „значителна цивилно правна казна“, којашто концернот ќе мора да ја плати, доколку не сака да се најде во судска разрешница.

Аналитичарите ценат дека казната за Fiat Chrysler ќе изнесува меѓу две и 2,5 милијарди долари. Концернот го очекуваат парични казни, финансирање на проекти за заштита на животната средина и сервисен повик за отстранување на неправилностите на повеќе од 100.000 автомобили со дизел мотор.

Американската агенција за заштита на животната средина, лани во мај поднесе тужба против Fiat Chrysler, поради прекршување на законите за заштита на животната средина. Судовите го обвинуваат производителот дека користел недозволен софтвер, кој при лабораториските тестови прикажувал дека вредностите на издувните гасови на возилата со дизел мотор се наоѓаат во дозволените граници. Во реални услови на возење, емисијата била далеку над лимитот. Fiat Chrysler смета дека не ги прекршил законите.

Од избивањето на дизел скандалот во САД и Канада во септември 2015, концернот Volkswagen досега има платено казни и разни надоместоци во вкупна висина од преку 25 милијарди евра. За разлика од американско-италијанскиот концерн, Volkswagen призна дека вградувал недозволени уреди во своите автомобили. Повеќе од 600.000 возила беа погодени од дизел-скандалот.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

137
18 shares, 137 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730