151
70 shares, 151 points

Fiat Chrysler постигнал спогодба со Tesla за таканаречен „отворен пул“, со цел итали-американскиот концерн да ги исполни строгите гранични вредности на ЕУ во поглед на емисијата на CO2. Тоа воопшто нема да биде евтино за Fiat.

Fiat Chrysler е подготвен да ѝ плати стотици милиони евра на Tesla, за возилата на калифорнискиот пионер на електричниот погон да се водат како дел од сопствениот возен парк. Како што објавува „Фајненшел Тајмс“, итало-американскиот концерн на тој начин ќе ги избегне високите казни при пречекорување на строгите гранични вредности за емисијата на СО2 во Европската Унија. Според веб-страницата на Комисијата на ЕУ, Fiat Chrysler уште на 25-ти февруари го формирал таканаречениот „отворен пул“ со Tesla.

Спогодбата со Tesla му овозможува на Fiat Chrysler да ја спушти просечната емисија на СО2 од сите модели што ги произведува концернот на дозволеното ниво. Електричните возила имаат нулта емисија на СО2. Планот на ЕУ е просечната емисија на СО2 да се намали на 95 грами на километар. „Фајненшел Тајмс“ не наведува колкава точно сума ќе плати Fiat за да ги избегне казните од Комисијата на ЕУ.

Што се случува меѓу PSA и Fiat?

Fiat 500X продолжува со продажба на пазарот во САД

Прослава за 5 милиони примероци од Fiat Panda во Италија

Tesla со камери против гребатори на автомобили


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

151
70 shares, 151 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *