за

Fiat 500X продолжува со продажба на пазарот во САД

Малечкиот кросовер на Fiat доби нов турбо бензинец и неколку освежувања во изгледот. Во пристаништето во Балтимор, деновиве од Италија пристигна првата пратка со новото моделско годиште на Fiat 500X. Овој модел ја дели основата со Fiat 500L, а тој пак има историска врска со Yugo.

Првата бродска пратка со Fiat 500X од освеженото моделско годиште на италијанскиот кросовер пристигна во пристаништето во Балтимор, во САД. Менаџерите имаат големи надежи во новиот 1,3-литарски бензинец со турбонатполнење, кој стандардно оди во комбинација со погон на сите тркала.

Fiat е единствена марка што нуди исклучиво турбо мотори во своите автомобили во САД

Произведен во Италија, во фабриката во Мелфи, Fiat 500X ќе се продава во САД со 1,3-литарски турбо со 177 КС и 284 њутнметри. Погонот е на сите тркала, менувачот е автоматски со девет степени. Fiat е единствена марка во САД којашто нуди исклучиво мотори со турбонатполнење.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Новото моделско годиште на Fiat 500X доби освежување во изгледот на предниот дел и во арматурната табла, но има и голем број нови системи за асистенција.

Редовната цена на основниот модел чини околу 26.000 евра

Кросоверот на заедничка основа со Fiat 500L ќе се продава во три нивоа на опрема – Pop, Trekking и Trekking Plus – со цена од 25.985 долари за најдостапната изведба на моделот. Според актуелниот курс, тоа се близу 23.000 евра.

На пазарот во САД, Италијанците го продаваат и Fiat 500L, кој пристига од фабриката во Крагујевац, Србија. Од таа фабрика (поточно, локација), во 1990-те години стартуваше и Yugo за американскиот пазар.

Во САД веќе со години се продава и ван-изведбата во семејството на Fiat 500, но поради влијанието на имиџот на Yugo, Американците не се особено одушевени од моделот, иако во него работи техника иста како во многу подобро прифатениот Fiat 500X. Ванот 500L, имено, се произведува во Крагујевац, од кадешто на времето стартуваше и одисејата Yugo America.

New photo by Automedia MK / Google Photos
Книга којашто открива многу вистини околу Yugo во Америка

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мотоцентар General Tire Altimax One

Мотоцентар со тркачка проба на новите гуми Altimax One на General Tire

BMW X1 xDrive 25Le

BMW X1 само за Кина со нов хибриден погон и продолжена каросерија