за

Моделското семејство „500“ на Fiat брои три милиони примероци

Fiat 500 tri mio
Fiat 500 tri mio

Триото од ретро-класичарот 500, ванот 500L и кросоверот 500X надоместува за сите модели што недостигаат во портфолиото на италијанската марка. Два од три произведени примероци од целото моделско семејство заминуваат за извоз. Во меѓувреме има и нови мотори во 500X.

Славеничкиот примерок од семејството 500 е во кабриолет изведба и во специјалната серија Star. Со сите големи моделски имиња на Fiat, што низ историјата оставиле печат насекаде низ Европа, не изненадува податокот дека два од секои три произведени примероци од серијата 500 се извезуваат. Тоа најчесто се случува во Велика Британија, Франција, Германија и Шпанија.

Причините за успехот на Fiat 500 и сите моделски изведби што произлегоа од класичарот, не треба да се бараат многу. Малечкиот градски автомобил верно го следи стилот на славниот „чинквеченто“, Италијанците му изградија и имиџ на безкласен автомобил, актуелноста се одржува со постојано претставување на специјални серии. Последен доказ за тоа се изведбите Star и Rockstar, за чијашто премиера беа ангажирани Стинг и Шеги.

Главниот нагласок моментно се става на 500X, кој имаше темелно освежување лани во септември. Кросоверот е најродаван во својот сегмент на италијанскиот пазар и од лансирањето во 2014 година се држи добро и во Топ 10 во европски рамки, во услови на остра конкуренција. Новите мотори FireFly Turbo 1.0 и FireFly Turbo 1.3 доживеаја прво вградување токму во „X“.

Ванот 500L се произведува во Србија и последното моделско освежување го имаше во 2017 година.

Колку продава Fiat Chrysler во Америка?

Fiat 500X стана половина милионер

Стинг и Шеги во спот за славеничката серија на Fiat 500

Fiat во Италија плаќа до 6.000 евра за стар автомобил

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

dizel oznaka hrom

Ирска стопира продажба на дизели и бензинци во 2030 година

volkswagen lidl kaufland sorabotka polnaci

Супермаркетите се „бензинските станици“ на иднината