146
21 shares, 146 points

Од фабриката на Fiat во Тиши, Полска, на 10-ти мај излезе двемилионитиот примерок од Fiat 500. Славеничкиот модел е Fiat 500C Collezione, со каросерија во бела и сива боја, и со двоцилиндарец со турбо натполнење и 85 КС. Специјалната серија Collezione доаѓа со нова комбинација од бои и материјали – што италијанските стилисти веројатно можат да го прават до недоглед. Има и бандажи од 16 инчи, детали од хром, сиво-бело-сиво „лента за убавина“ и натпис Collezione на задниот капак.

Сегментот на градските автомобили практично му припаѓа на Fiat 500

Fiat 500 моментно се нуди на повеќе од 100 пазари низ светот, а четири од секои пет произведени примероци се продаваат надвор од Италија. Сегментот на градските автомобили практично му припаѓа на „500“, кадешто неговиот удел лани изнесуваше близу 15 проценти.

Во единаесеттата година од неговото присуство на пазарот, малечкиот Fiat успеа да постигне рекордно тромесечје, со преку 60.000 продадени примероци во третиот квартал лани. Годинава, „чинквино“ (Италијанците никогаш не го нарекувале оригиналниот модел чинквеченто) е најпродаван во својот сегмент во Велика Британија, Шпанија, Белгија, Швајцарија, Португалија, Австрија, Унгарија, Хрватска и Словенија.

Досега се лансирани 30 специјални серии, вклучувајќи ги и сериите со шкорпионот на Abarth. Оригиналниот Fiat 500 се појави во 1957 година и се произведе во преку 6 милиони примероци.

[FAG id=32306]

Малечкиот Fiat што го вози големото рели

Fiat 500 се појави на сребрена монета од пет евра

Fiat Tipo е новиот Dodge Neon во Мексико

Заборавете го Кен Блок, ова е дрифт-двобој меѓу Fiat Uno и Suzuki Swift

Тест: Fiat 500L 1.4 16V Pop Star


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

146
21 shares, 146 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *