за

Fiat ги учи своите вработени на правилна љубов

Вработените во фабриката на Fiat во Торино доживеаја изненадување кога на службениот паркинг ги најдоа своите автомобили завиткани во големи ќеси и со скршено срце на нив.

Некои работници на Fiat имаа непријатно изненадување кога на заминување од работа ги најдоа своите автомобили целосно завиткани во ќеса. Тоа им се случи на работниците што возат автомобил од друга марка. На автомобилите имаше биле оставени и скршени срца со љубовна порака: „Ти се гледаш со друга. Ти ги скрши нашите срца. Но, без разлика на сé, никогаш нема да те заборавиме.“

Ова е дел од проектот на менаџментот на италијанскиот гигант, во кој што им се овозможува на вработените да купат автомобил од марките на Fiat со попуст од 26 проценти. Работните синдикати не останаа неми на ваквата промотивна акција на Fiat. Влијателниот италијански дневник „Ла Република“ го оцени чинот како „неприфатлива инвазија на приватноста. Fiat ќе ја спроведе акцијата и во сите останати фабрики во негова сопственост.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Америка се прашува: Кој ги превртува малечките Smart по улиците?

Toyota го урива лошиот глас на сервисните повици