Нови модели

Fiat размислува за верзија Abarth од новиот 500X

Италијанците планираат да развијат брза верзија од кросоверот 500X, којашто ќе биде добро освежување откако спортското одделение Abarth од лани остана само со Fiat 500.

Кросоверот Fiat 500X доживеа светска премиера само пред една недела и ќе се појави во продажба во почетокот на следната година. Но, веќе се јавија гласини дека Италијанците планираат да понудат и верзија Abarth од овој модел. Малечкиот кросовер на заедничка основа со Jeep Renegade е совршен за изведување на спортска верзија со знакот на Abarth, имајќи ги во предвид одличните возни својства на 500X, но и можноста за комбинирање со погон на сите тркала.

Најсилната стандардна верзија на 500X за западноевропскиот пазар ќе вози со 1,4-литарски бензинец од генерацијата Multiair II со турбонатполнење и 170 КС, додека од верзијата на Abarth се очекува моќноста да достигне далеку над 200 КС. На тоа секако ќе се надоврзе и соодветно дотерување на подвозјето, за извлекување на максимумот спортски гени од подвозјето на малечкиот кросовер на Fiat.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730