125
25 shares, 125 points

Од секој автомобил што го продал во првото полугодие, Ferrari заработил по 69.000 евра. За споредба, заработката кај Jaguar Land Rover изнесува само 800 евра по продадено возило, додека Tesla и Bentley прават тешка загуба со секоја продажба.

Германското премиум трио Mercedes, BMW и Audi ги продава своите автомобили за просечно 33.000 до 38.000 евра и се држи добро со заработката од преку 3.000 евра по возило, пред даночење. Volvo малку заостанува, а Tesla со секој испорачан автомобил губи по 11.000 евра.

Porsche постигнува двапати повисок профит од Mercedes, BMW и Audi, со што спортската марка припаѓа во посебна лига. Просечната цена на продадените автомобили на Porsche во првото полугодие изнесува 91.000 евра, а од оваа вредност, 17.000 евра остануваат како чиста заработка во Цуфенхаузен.

Ferrari постигнува дополнителна заработка и од скапите спонзорства во формула 1

Maserati во просек се продава за поевтино, но затоа секое возило носи заработка од 5.000 евра. Но, никој производител не заработува ниту приближно колку Ferrari. Благодарение на многуте гранки во коишто е присутна компанијата, а меѓу другото и формула 1, од кадешто доаѓаат многу пари за спонзорства, Италијанците постигнуваат просек од 288.000 евра од секое продадено возило, односно по 69.000 евра заработка.

Ferrari Cavalcade 2017

Ситуацијата кај Bentley е сосем различна. Луксузните автомобили на британската марка во просек се продаваат за 165.000 евра, а заработката е по 17.000 евра – во минус. Толку пари губи Bentley од секој продаден автомобил. Rolls Royce и Lamborghini не ги објавија заработките.

Ferrari прв почнува да „пече“ на ниска температура

Ferrari 488 Pista во верзија само за тркачите за Маранело

Дамите и Ferrari – нераскажаната приказна во музејот во Модена


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

125
25 shares, 125 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743