130
18 shares, 130 points

Маранело продолжува да покажува примерна истрајност во борбата против пандемијата од корона. Ferrari во соработка со други компании почна да изработува вентили за респиратори и спојници за заштитни маски.

Ferrari започна со производство на вентили за респиратори и спојници за заштитни маски во својата фабрика во Маранело. Тоа е една од бројните иницијативи, во поддршка на здравствените работници при работата со пациентите што се заразени од вирусот корона.

Деловите од термопласика се произведуваат во одделението во коешто обично се изработуваат прототипите на новите автомобилски модели. Се користи технологија на 3D-печатење, односно таканаречено адитивно производство.

Дел од вентилите се конструирани од Mares, производител на опрема за нуркање. Вентилите што се предвидени за маските за нуркање се приспособуваат за вградување во заштитните маски, кои здравствените работници ги користат при укажувањето помош на пациентите што страдаат од откажување на респираторниот тракт.

Координацијата на сите фирми што учествуваат во овој масивен проект ја врши Nuovamacut Gruppo TeamSystem. Спојниците ги испорачува Solid Energy и тие се користат за пренамена на маски за нуркање.

Во следните неколку денови, Ferrari планира да изработи повеќе стотини парчиња опрема, којашто веќе се дистрибуира од страна на компаниите што се ангажирани во проектот, во координација со Цивилната заштита на Италија, како и болниците во Бергамо, Џенова, Модена, Сасуоло и Медичина.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

130
18 shares, 130 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *