122
17 shares, 122 points

Хибридниот погон повеќе не е SF-жанр во Маранело. Ferrari SF90 Stradale е прв автомобил со хибриден погон и се расфрла со моќност од 1.000 КС, којашто ја произведуваат најсилниот V8 на марката и три електромотори.

Ferrari го претстави својот прв автомобил со плагин-хибриден погон и не остава простор за сомнеж околу намената. Вкупно четирите мотори произведуваат 1.000 КС и 800 њутнметри. Вистинскиот спектакл следи кога ќе се пресмета соодносот од коњските сили и тежината. Ferrari SF90 Stradale „леснее“ само 1.570 килограми, од каде произлегува 1,57 килограм на секоја една коњска сила од погонската спрега.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Моторот секако е V8, и тоа најсилен во историјата на марката. Неговата моќност изнесува 780 КС. Преостанатите 220 КС доаѓаат од трите електромотори – два напред, еден назад, вграден меѓу моторот и осумстепениот менувач со двојна спојка. Спринтот до темпо сто трае 2,5 секунди, до двеста 6,7 секунди. Крајната брзина изнесува 340 km/h.

Ознаката SF90 се однесува на 90-годишнината на Scuderia Ferrari

Историски важниот модел се појавува во историски момент. Кратенката SF90 ја означува 90-годишнината на Scuderia Ferrari. Продажбата на хибридниот Ferrari почнува в година, по цена меѓу LaFerrari и 812 Superfast.

Во изгледот на каросеријата се препознава дека кабината е поместена понапред, заради целосно искористување на концептот на средишно вграден мотор. Покрај тоа што е постигнато исклучително ниско тежиште со батеријата и електромоторите, кабината е за 20 милиметри пониско во споредба со класичните V8-модели на Ferrari.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Ferrari SF90 се разликува и со дизајнот, и повеќе личи како футуристичка студија од раните 2000-ти. Формата на светлата е сменета. Место препознатливите светла во форма на L, плагин-хибридниот тркач поседува светла во форма на потковица, во коишто се наоѓаат каналите за воздух за ладење на сопирачките. Првпат во Ferrari се вградуваат и матрични диодни светла. Различна форма се забележува и кај задните светла. Највпечатлицв детал назад се високо поставените издувни цевки, како резултат од оптимираната форма на издувните гранки.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Внатре нема спектакли, барем што се однесува до формата на кокпитот. Во Ferrari има „само“ волан и сé што е потребно се наоѓа таму. Воланот е нов, со нови команди, а зад него е заоблениот дисплеј од 16 инчи во висока резолуција, во замена за обичните инструменти. Новитет претставува и палењето преку копче, коешто во иднина ќе се наоѓа во модели.

Ferrari SF90 Stradale  вози во рикверц само со помош на електромоторите

Со полна батерија, Ferrari SF90 може да извози до 25 километри, но главната цел на електромоторите во погонската спрега секако дека се возните својства. Покрај тоа што до предната оска пристигаат исклучиво „електрични“ њутнметри, што обезбедува брза реакција, но и голема приспособливост во распределбата на погонската моќ меѓу двете тркала, за врвни возни својства се грижи и таканаречниот shut-off-guney. Станува збор за подвижен дел од задниот спојлер, кој се грижи за оптимален притисок врз задната оска.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Четирите режими на работа на погонската спрега се избираат преку новото копче „eMannetino“ на воланот. Во чисто електричен погон, SF90 може да извози до 25 километри со батеријата од 7,9 kWh.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Купувачие на хибридниот Ferrari за првпат ќе можат да избираат меѓу стандардна изведба и спортска изведба, под името Assetto Fiorano. Во вториот случај се вградуваат посебни амортизери од GT-трките, но и облоги на вратите и подни панелчи од карбон или пружини и издув од титан. Тоа заштедува 30 килограми.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Ferrari F8 Tributo во чест на самиот себе

Ferrari ги прославува четириседите што ги обожуваше Енцо

Ferrari што вреди колку 40 куќи од по милион евра

Ferrari 488 Pista без покрив во Париз

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

122
17 shares, 122 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *