за

Ferrari подготвува хибриден SF90 Spider со 1000 КС

ферари маскиран модел
ферари маскиран модел

На патеката за тестирање во Маранело се појави маскиран автомобил, за кој се претпоставува дека е отворената каросериска изведба на SF90 Stradale.

Додека Ferrari го организира повторниот старт на производството, се појавија фотографии од маскиран автомобил, со неколку детали што укажуваат дека станува збор за Spider-верзијата на SF90 Stradale. Хиперавтомобилот од Маранело го „откриваат“ кабината што е поместена понапред, светлата во форма на потковица и централно поставените издувни цевки. Сигурен знак дека станува збор за отворената каросериска изведба на SF90 е тоа што антената е преместена од покривот на задниот капак.

Исто како што е случај кај 812 GTS и F8 Spider, отворената каросериска изведба на SF90 ќе ја поседува истата погонска спрега како купето. Тоа значи хибриден погон со системска моќност од точно 1.000 КС, како комбинација од фамозниот 4,0 V8 со три моќни електромотори. Со погон на сите тркала, SF90 Stradale спринтува до 100 km/h за само 2,5 секунди.

Со оваа моќност, SF90 Spider ќе ја понесе титулата на најсилен кабриолет од актуелна продукција во светот. „Адресата“ не се менува, затоа што оваа титула досега му припаѓаше на 812 GTS. Претходно, најсилниот кабриолет на Ferrari беше LaFerrari Aperta од 2017 година, со 963 КС.

Датумот за презентацијата на новиот Spider уште не се спомнува, иако е мала веројатноста дека тоа ќе се случи во текот на годинава, поради последиците од корона-кризата. Италијанците лани лансираа пет нови модели и планираат годинава да пуштат уште два новитети.

Ferrari SF90 Stradale
Ferrari SF90 Stradale

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Land Rover „спадна“ на три цилиндри

Land Rover „спадна“ на три цилиндри

Skoda повторно произведува во своите фабрики во Чешка

Skoda повторно произведува во своите фабрики во Чешка