Нови модели

Ferrari Portofino доаѓа во замена за California

Ferrari Portofino пристига на чист терен. Претходникот California ги прекрши сите табуа за марката, на новиот кабриолет повеќе никој нема да му забележи дека прави нешто недозволиво.

Отворениот четирисед на Ferrari ги прекрши сите закони на Маранело кога се појави во 2008 година. Турбонатполнење по фејслифтот, менувач со двојна спојка, поврзување со мобилен телефон, комфорно подвозје, грбка како на Peugeot CC. Фераристите никогаш не го прифатија како „кавалино рампанте“. Ferrari направи Golf. Италијанците дури нудеа специјален пакет, за California да стане барем Golf GTI. За пред јавноста: Три четвртини од сопствениците првпат седнаа зад воланот на Ferrari. Зад кулисите: Од каде изникнаа над три илјади нови сопственици на McLaren лани, двојно повеќе за една година?

Ferrari Portofino ќе ги измазни работите под копитата на „кавалино рампанте“

Калифорниската зашеќерена авантура заврши. Ferrari Portofino ќе ги измазни работите под копитата на „кавалино“. Почнувајќи од името. Портофино е туристичка атракција, ценета по елеганцијата, спортскиот дух и ненападниот луксуз. Дури и специјалниот тон за каросерискиот лак е именуван по италијанскиот град: Росо Портофино.

Ferrari Portofino

Кабриолетот вози со 600 КС и спринтува до сто за 3,5 секунди. Концептот со преклоплив цврст покрив останува, заедно со багажник со „патна“ големина и простор на задната клупа колку за сликање. Подвозјето и каросеријата се олеснети, преку примена на врвни производствени техники, во исто време е зголемена отпорноста на свивање.

Нови клипови и клипници, нов издув, интелигентна електроника

Осумцилиндарскиот турбо располага со 40 КС повеќе од California T. Клиповите и клипниците се нови, исто како и дизајнот на вшмукувачкиот тракт. Издувната гранка е леена во еден дел и користи револуционерна геометрија заради смалување на загубите и надминување на „турбо-дупката“. Моторот го приспособува вртежниот момент според избраниот степен на пренос, за подобро забрзување во сите степени, но и смалена потрошувачка во споредба со претходникот.

Ferrari Portofino

За првпат во овој сегмент, Ferrari Portofino поседува електронски регулирана блокада на задниот диференцијал E-Diff3, во комбинација со F1-Trac. Премиера во сегментот доживува и електричното сервоуправување. Преносниот однос на управувањето е скусен за 7%, што резултира во уште подиректна реакција.

Овие кабриолети најбргу го симнуваат покривот

Преправки доживеаја и магнетореолошките амортизери SMC-E, кои го ограничуваат страничното навалување, а во исто време подобро ги апсорбираат нерамнините во подлогата. Според Ferrari, новиот Portofino е подинамичен и поагилен, но и покомфорен.

Наследството од California останува, но Portofino звучи поверодостојно

Наследството од California: Дисплејот на допир сега има 10,2 инчи, климатизацијата функционира беспрекорно и при спуштен покрив, нов е дизајнот на воланот, електромотори ги местат седиштата во 18 насоки, назад има повеќе простор за колена, дефлекторот ги смалува турбуленциите во кабината за една третина. Пред совозачот има втор дисплеј

Ferrari Portofino

Турбонатполнењето, менувачот со двојна спојка, поврзувањето со мобилен телефон и комфорното подвозје остануваат. Но, Портофино некако звучи повеќе „ферари“, поверодостојно. Во секој случај, уште еден Ferrari што светот ќе го обожува. Премиерата на Ferrari Portofino е во септември, на салонот во Франкфурт.

Технички податоци · Ferrari Portofino

  • Мотор V8 – 90°
  • Работна зафатнина 3855 cm3
  • Моќност 441 kW (600 КС) при 7500/min
  • Вртежен момент 760 Nm од 3000 до 5250/min
  • Должина х Ширина х Висина 4586 х 1938 х 1318 mm
  • Распределба на тежина 46-54% напред/назад
  • Крајна брзина >320 km/h
  • 0-100 km/h 3.5 s
  • Потрошувачка на гориво 10.5 l/100 km
  • Емисија 245g CO2/km

Ferrari Portofino

Ferrari Portofino

Ferrari Portofino

Ferrari Portofino

Tags

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730