за

Ferrari повторно прогласен за најмоќна марка во светот

Ferrari повторно прогласен за најмоќна марка во светот
Ferrari повторно прогласен за најмоќна марка во светот

Ferrari втора година по ред е прогласен за најмоќна марка во светот од страна на Brand Finance, водечка консултантска куќа и специјалист за процени и стратегии.

Со вредност на индексот BSI (Brand Strength Index) од 94,1 од можни сто, Ferrari се најде на врвот меѓу само 12-те марки чијшто рејтинг ја постигнал највисоката оцена ААА+. Марката од Маранело вторпат по ред е прогласена за најмоќна во светот, од страна на водечката консултантска компанија за процени и стратегиско планирање Brand Finance.

Извештајот на Brand Finance Global 500 за 2020 година беше претставен денес за време на Светскиот економски форум во Давос. Според извештајот, вредноста на марката Ferrari е проценета на 9,1 билион американски долари, со годишен раст од 9%, постигнат благодарение на растечката продажба и моќта на марката на сите полиња.

Brand Finance ја проценува вредноста на марките врз основа на економската добивка што сопственикот на марката би ја постигнал при продажба на правата за користење на заштитеното име.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

трамп давос

Трамп се заканува со повисоки царини за автомобили од ЕУ

Cruise origin, General Motors претстави роботско такси, без волан, без педали

General Motors претстави роботско такси, без волан, без педали