151
20 shares, 151 points

Тркачкиот тим со најмногу победи во формула 1, Scuderia Ferrari, го одбележува 90-от роденден. Во таа чест, во музејот на Ferrari во Маранело е поставена изложба од возила под насловот „90 anni“.

Историски бесценети болиди се изложени во музејот во Маранело, почнувајќи од Alfa Romeo 8C 2300 Spider, која во 1932 година првпат возеше со знакот на „кавалино рампанте“, до најновиот примерок, едноседот SF71H, со кого во минатата сезона се тркаа Себастијиан Фетел и Кими Раиконен.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Меѓу останатите експонати се Ferrari 500, победничкиот болид на Алберто Аскари во шампионатите во 1952 и 1953 година. Покрај него е D 50, со кого Хуан Мануел Фанџо во 1956 година ја извозе четвртата од своите пет шампионски титули. Историјата ја носи и приказната за Ferrari Dino 246 F1. Мајк Хоторн со само еден бод предност се избори за шампионска титула пред Стирлинг Мос.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Ferrari 156 F1 му „припаѓа“ на Џон Суртис, единствениот човек што станал светски шампион на две и на четири тркала. Во 1963 година, тој ја постигна својата прва победа во Ф1 со овој болид во 1963 година.

Во музејот се наоѓа и 312 Т од 1975 година. Неодамна починатиот Ники Лауда, со овој болид ја освои првата шампионска титула. Менувачот е поставен попречно, за разлика од вообичаената конструкција. Уште едно познато име е Џоди Шектер, шампион во 1979 година со 312 T4.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Секако дека важно место му припаѓа на F 2004, победничкиот Ferrari на Михаел Шумахер, со 13 триумфи, од кои шест во низа. Тогаш Германецот ја освои својата седма титула на светски шампион. Меѓу легендите е 166 MM, од првата победа на Ferrari на Леман, пред 70 години, како и 275 P од 1964 година.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во посебна изложба се сместени „хиперавтомобилите“. Почетокот го одбележува GTO од 1984 година, а следи F 40 од 1987 година, со кого Енцо Ферари ја одбележа 40-годишнината на компанијата. Ferrari F 50 од 1995 година не беше друго освен Ф1-болид во каросерија на спортски автомобил. Во развојот на Ferrari Enzo од 2002 година, учествуваше Михаел Шумахер. Покрај La Ferrari, во изложбата се наоѓа и конструкциски модел на P80/C, кој е наменет само за трки и се базира врз 488 GT3.

Изложбите „90 anni” и „Hypercars” ќе бидат поставени до мај 2020 година.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Ferrari SF90 Stradale со четири мотори и 1000 КС

Ferrari F8 Tributo во чест на самиот себе

Ferrari 488 Pista без покрив во Париз

Ferrari имал планови да го преземе Aston Martin во 2014 година

 

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

151
20 shares, 151 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *