за

Музеите на Ferrari лани ги посетиле 600.000 фанови

Ferrari музеј
Ferrari музеј

Музеите на Ferrari во Модена и во Маранело лани постигнаа нов рекорд во бројот на посети. Двете светилишта на спортската марка привлекоа повеќе од 600.000 посетители, за 12 проценти повеќе отколку преклани.

Во музејот на Енцо Ферари во Модена и во музејот на Ferrari во Маранело, во 2019 година пристапиле повеќе од 600.000 љубители на марката. Една третина од вкупниот број посети е реализирана во музејот во Модена, кој е во чест на основачот на марката и втемелувач на култот на италијанските спортски автомобили, Енцо Ферари, додека преостанатите две третини или 400.000 посети се регистрирани во Маранело, кадешто е историското седиште на марката.

Публиката реагираше мошне позитивно на воведувањето билет за посета на двата музеи. Продажбата на овој билет со повластена цена забележа раст од преку 50 проценти во споредба со преклани.

ferrari izlozba cetirisedi muzej

Покрај тоа што го велича името на Енцо, „Ил Комендаторе“, во музејот во неговата родна Модена се изложени најелегантните и најпрестижни GT-модели на Ferrari и нивните мотори. Во Маранело, пак, повеќе се става нагласок на историјата на марката, на тимот во формула 1 и на најславните „улични“ и тркачки автомобили во историјата на марката.

Првата изложба годинава во Маранело ќе биде посветена на „Ferrari at 24 Heures du Mans“, почнувајќи од 15-ти јануари, во чест на 70 години од првата победа на 24 часа Леман. Посетителите ќе можат да ја погледнат и постојната изложба „90 Anni“, во чест на Скудерија, и на „Hypercars“, со специјални моделски серии изработени во лимитирана серија и инспирирани од тркачките автомобили на Ferrari.

https://www.instagram.com/p/Bv1YNtij2MO/

https://www.instagram.com/p/B4Tgy82JP29/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пакистан поддршка електрични возила

Пакистан субвенционира коли на струја, целта е 30% удел до 2030

Skoda SCALA vozenje

Skoda продаде 1,24 милион возила, Kamiq со раст од 131%