122
17 shares, 122 points

Фестивалот на брзината во Гудвуд стана поважен и од најважните салони за автомобили. Ferrari во дворот на Лорд Марч ќе одржи светска премиера на P80/C и SP3JC.

Два модела од специјалните серии на Ferrari ќе се појават пред публиката на Фестивалот на брзинатa во Гудвуд, во почетокот на јули. Ferrari ќе одржи светска премиера на P80/C и SP3JC. Секако дека овие болиди ќе ја извозат и фамозната ридска патека, во којашто е суштината на Фестивалот.

P80/C е изработен врз основа на 488 GT3 и развиван е најдолго од сите специјални серии на Ferrari досега. Освен поради перформансите, основата од 488 GT3 е користена и поради меѓуоскиното растојание што е за 50 милиметри подолго во споредба со стандардниот 488 GTB. Тоа им даде поголема слобода на инженерите во Маранело.

New photo by Automedia MK / Google Photos

SP3JC користи подвозје и погонска спрега од Ferrari F12tdf. Моделската серија во ограничен број примероци е врвно достигнување на автомобил за уживање на ветрот, изработен во стил на славните „спајдери“ на Ferrari со мотори V12 во 1950-те и 1960-те години.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Британска премиера ќе има Monza SP2, како трета специјална серија во Гудвуд. Станува збор за модел од серијата „Icona“, којашто се инспирира од победничките болиди во 1950-те години, кога џентлмени се натпреваруваа тркало до тркало со професоналните возачи од тоа време.

На прочуената манифестација годинава ќе бидат изложени и неколку тркачки болиди од Формула 1, во чест на Михаел Шумахер, од сопствената колекција на шампионот.

Сите овие модели на Ferrari ќе бидат присутни на Фестивалот на брзината во Гудвуд

Класа

Год.

Марка и модел

120 years of Tour de France de l’Automobile

1961

Ferrari 250 GT SWB/C

120 years of Tour de France de l’Automobile

1962

Ferrari 250 GTO

120 years of Tour de France de l’Automobile

1978

Ferrari 308GTB Group B

120 years of Tour de France de l’Automobile

1972

Ferrari 365 GTB/4 Daytona

125 years of Road Racing

1950

Ferrari 166 MM Barchetta

125 years of Road Racing

1950

Ferrari 166 MM/212 Export “Uovo” by Fontana

125 years of Road Racing

1953

Ferrari 250 MM

Formula 1 Teams

2010

Ferrari F60

Grand Prix Greats

1985

Ferrari 126 C2B

Grand Prix Greats

1974

Ferrari 312 B3

Grand Prix Greats

1989

Ferrari 640

Grand Prix Greats

1989

Ferrari 640

Masters of Monaco

1975

Ferrari 312T

Michelin Supercar Run

2018

Ferrari 488 Pista

Michelin Supercar Run

2018

Ferrari 812 Superfast

Michelin Supercar Run

2018

Ferrari FXX K Evo

Michelin Supercar Run

2019

Ferrari GTC4 Lusso

Michelin Supercar Run

2019

Ferrari Monza SP2

Michelin Supercar Run

2019

Ferrari P80/C

Michelin Supercar Run

2018

Ferrari Portofino

Michelin Supercar Run

2018

Ferrari SP3 JC

Schumacher

2006

Ferrari 248 F1

Schumacher

1995

Ferrari 412 T2

Schumacher

2000

Ferrari F12000

Schumacher

2002

Ferrari F2002

Schumacher

2004

Ferrari F2004

Schumacher

1998

Ferrari F300

Schumacher

1997

Ferrari F310B

Sports Cars

1969

Ferrari 312 P spyder

Sports Cars

2018

Ferrari 488 Challenge

Музејот на Ferrari одбележува 90 години на „Скудерија“

Ferrari SF90 Stradale со четири мотори и 1000 КС

Ferrari F8 Tributo во чест на самиот себе

Ferrari 488 Pista без покрив во Париз


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

122
17 shares, 122 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *