Ferrari SF90 Stadale ќе биде ѕвездата во новиот краткометражен филм на Клод Лелуш, чијшто славен „Рандеву“ по париските улици во 1970-те години, уште собира прегледи на јутјуб. Новата верзија на овој филм ќе се снима во Монте Карло, по улиците каде што викендов требаше да се вози формула 1.
Некои датуми не се пропуштаат да се одбележат, без оглед на пречките. В недела требаше традиционално да се одржи трката во формула 1 за Големата награда на Монако. Поради пандемијата, светскиот настан првпат по 1954 година нема да се одржи. Настанот сепак ќе се одбележи, достоинствено.
Клод Лелуш, една од најголемите француски и светски режисерски ѕвезди, в недела ќе го снима „Le Grand Rendez-Vous” со Шарл Леклерк, во стилот на „C’était Un Rendez-Vous“ кој е снимен во 1976 година. Патем, самиот настанок на овие историски филмски минути заслужува да се прикаже во филм.
Новите протагонисти се Ferrari SF90 Stradale, првиот хибриден модел со „кавалино рампанте“, и Моначанецот Леклерк, кој ќе го вози суперспортскиот автомобил. Филмот ќе ја обработува единствената атмосфера што владее на гран-прито, заедно со звукот на Ferrari 275 GTB, кој е заслужен за звучната кулиса на филмот што беше снимен пред близу половина век во Париз.
„Рандевуто“ од 1976 година, филмот што предизвика многу контоверзи по објавувањето
https://www.youtube.com/watch?v=HgPoiKiMRFQ&t=284s