131
18 shares, 131 points

Договорот на Себастијан Фетел со Ferrari истекува кон крајот на годината. Додека неговиот тимски колега потпиша до 2024 година и доби зголемување на платата, договорот на четирикратниот шампион ќе биде продолжен на само една година, по значително пониска сума.

Трките во Формула 1 во моментов мируваат, но зад кулисите се водат тешки преговори за милионски суми. Шефот на тимот Scuderia Ferrari, Матија Биното, во официјално интервју изврши притисок врз Фетел, изјавувајќи дека очекува „тој да покаже резултати“, а сега следи уште еден обид за германскиот шампион да се доведе во тесно.

Според информациите на каналот Sky, Ferrari ќе го продолжи договорот што истекува кон крајот на годината, но под многу понеповолни услови за Себастијан Фетел. Додека неговиот тимски колека Чарлс Леклерк доби продолжување на договорот до 2024 година, вклучувајќи масивно зголемување на платата, договорот на четирикратниот светски шампион ќе се продолжи за само една година и за значително пониска сума. Германецот заработува околу 35 милиони евра годишно. Тоа сега е премногу за Ferrari

Предизвик за Фетел останува освојувањето на шампионската титула во Ferrari – тоа што на неговиот идол Шумахер му успеа петпати

Во оваа фаза од кариерата, на Фетел не му се важни парите, туку најмногу му значи да ја освои шампионската титула со Ferrari. Тоа му успеа петпати на неговиот голем идол Михаел Шумахер. Прашањето е дали Фетел навистина мора да ја прифати скусената понуда? Проблемот е што следи и негово деградирање, затоа што новата ѕвезда во тимот веќе одамна е Леклерк.

Берни Еклстоун исто така има став за ситуацијата околу својот пријател. „Претпоставувам дека тој не гледа во Биното некој што може да му помогне и му е потребен во оваа ситуација. Поради тоа, Себастијан треба да се откаже или да побара алтернатива за 2021 година.“ Некогашниот прв човек на најбрзиот циркус во светот цени дека McLaren, повторно со мотори од Mercedes во следната сезона, би бил најдобар избор за Фетел.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

131
18 shares, 131 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *