116
32 shares, 116 points

Салонот во Женева годинава ќе го види најмоќниот модел со мотор V8 во историјата на Ferrari. Новиот модел пристига како замена за F488 GTB и се води како Ferrari F8 Tributo.

Ferrari пристига во Женева со премиера на F8 Tributo, со име што оддава чест на концептот на автомобилот и особено на неговиот мотор. Со 720 КС и специфична моќност од 185 КС на литар работна зафатнина, познатиот 3,9-литарец во сегашната изведба е најсилен V8 во историјата на Ferrari.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Маранело подолго од четири децении го усовршува концептот на бескомпромисен суперспортски двосед со средишно вграден мотор. Затоа и името, Ferrari F8 Tributo, во чест на оваа традиција.

Ferrari F8 Tributo нуди највисоки перформанси во целата актуелна гама

Tributo доаѓа на местото на 488 GTB и според италијанската куќа нуди уште подобра контрола во градничното подрачје, а во исто време и повеќе комфор. Осумцилиндарецот ослободува екстра 50 КС, целото возило е полесно и прифитира од 10-процентното подобрување на аеродинамичноста. „Софтверот“ што дозволува контролирано странично пролизгување сега е во верзија 6.1.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Како што умее Ferrari, зголемената моќност доаѓжа заедно со подобрена управливост и контрола. Првпат преку фамозниот „манетино“ на воланот може да се вклучи таканаречениот засилувач на динамиката на Ferrari (FDE+). Самиот волан е помал, заради нагласување на агилноста на Tributo. Тежината на возилото е пониска за 40 килограми во споредба со 488 GTB.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Посебен детал е прозорецот од лексан во задниот капак, низ когошто се гледа моторот, во стил на најславниот модел со мотор V8 од Маранело, на Ferrari F40. Назад се враќаат класичните тркалезни светла во пар, заедно со лакиран средишен панел, во стилот на првиот модел од славната генерација, на 308 GTB од 1975 година.

Ferrari F8 Tributo · Технички податоци

New photo by Automedia MK / Google Photos
МОТОР
  • Тип V8 турбо, под 90 степени
  • Работна зафатнина 3902 ccm
  • Моќност 720 КС при 8,000/min
  • Литарска моќност 185 КС/L
  • Вртежен момент 770 Nm при 3,250/min
ДИМЕНЗИИ И ТЕЖИНИ
  • Должина 4611 mm
  • Ширина 1979 mm
  • Висина 1206 mm
  • Празно возило 1330 kg
ПЕРФОРМАНСИ
  • 0-100 km/h 2.9 s
  • 0-200 km/h 7.8 s
  • Крајна брзина 340 km/h

Ferrari 488 Pista без покрив во Париз

Ferrari ги прославува четириседите што ги обожуваше Енцо

Ferrari што вреди колку 40 куќи од по милион евра

Ferrari прв почнува да „пече“ на ниска температура

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

116
32 shares, 116 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format