153
20 shares, 153 points

Најголемата автомобилска гордост на Италија ја додава отворената каросериска изведба Spider покрај купето Ferrari F8 Tributo. Традицијата на отворени тркачи со мотор V8 во Маранело се одржува уште од 1977 година, од тогашниот 308 GTS.

Ferrari F8 Spider доаѓа покрај купето F8 Tributo, да го комплетира двоецот на суперспортски болиди со средишно вграден V8, кои отсекогаш претставувале основа на италијанската марка. Отворената каросериска изведба на F8 го заменува 488 Spider и прави уште еден чекор понапред во поглед на спортските својства. Подолго време Ferrari става нагласок и на возливоста во секојдневни услови, како и на комфорот.

Италијанците нема да пропуштат да се пофалат дека актуелниот V8 е најнаградуваниот мотор во историјата на Маранело, со наслов на светски мотор на годината веќе четири години наназад. Во споредба со 488 Spider, новиот двосед располага со дополнителни 50 КС, а воедно е 20 килограми полесен. Голем напредок е постигнат и во аеродинамиката, заедно со верзија 6.1 на фамозниот Side Slip Angle Control System.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Секогаш е убаво да се погледнат овие бројки, без разлика што се веќе познати од „Tributo“: Зафатнина од 3.902 cm3, моќност 720 КС при 8.000/min, специфична моќност од 185 КС на литар, вртежен момент од 770 Nm при 3.250 вртежи. Инженерите посебно работеа издувот, меѓу другото поради тоа што турбонатполнењето во основа влијае врз звукот. На крај, никој досега не забележал за звукот на овој мотор.

Дизајнот веќе одамна има функција кај суперспортските автомобили; Колку претходници на Ferrari F8 Spider може да наброите, почнувајќи од 308 GTS?

Дополнителните 50 КС се извлечени со вшмукувачкиот тракт преземен директно од тркачкиот 488 Challenge. Отворите за воздух се преместени назад, покрај спојлерот, и директно се поврзани со вшмукувачките гранки. На тој начин се подобрува протокот на воздух до моторот, а тоа води и до зголемување на моќноста.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Ограничувањето на бројот на вртежи исто така функционира поразлично. Место постепено да го забавува зголемувањето на вртежите, како што се приближува до лимитерот, тука се ограничува точно на 8.000 вртежи – тоа помага за динамиката, а може да донесе и подобро време на тркачка патека.

Веќе извесно време Ferrari ги нуди своите возила со 7-годишна бесплатна програма за редовно одржување, на секои 20.000 километри или еднаш годишно. Тоа е сé освен безначајна сума, особено кога ќе се земе предвид дека само промената на масло чини неколку стотини евра.

Технички податоци · Со почит кон Ferrari, податоците ги пренесуваме во оригиналната форма, на италијански јазик
New photo by Automedia MK / Google Photos
Ferrari F8 Spider
Scheda tecnica

 

Motore                       

Tipo                                       V8 – 90° – turbo – carter secco

Cilindrata totale                     3902    cm3

Potenza massima*                 720 cv (530 kW) @ 8000 giri/min

Coppia massima*                  770 Nm @ 3250 giri/min

Potenza specifica                   185      cv/l

Regime massimo                   8000    giri/min

Rapporto di compressione   9,6:1

 

Dimensioni e peso

Lunghezza                               4611    mm

Larghezza                                1979    mm

Altezza                                               1206    mm

Passo                                      2650    mm

Carreggiata anteriore             1677    mm

Carreggiata posteriore           1646    mm

Peso a secco**                       1400    kg

Distribuzione dei pesi                        41,5% ant – 58,5% post

Capacità vano baule              200      l

Capacità serbatoio benzina  78        l

 

Pneumatici                  

Anteriore                                 245/35 ZR 20 J9,0

Posteriore                               305/30 ZR 20 J11,0

Freni               

Anteriore                                 398 x 223 x 38 mm

Posteriore                               360 x 233 x 32 mm

 

Trasmissione e cambio        Cambio F1 a doppia frizione 7 marce                     

Controlli elettronici             E-Diff3, F1-Trac, ABS/EBD prestazionale con Ferrari Pre-

Fill, FrS SCM-E, FDE+, SSC 6.1

 

Prestazioni                 

0-100 km/h                             2,90     s

0-200 km/h                             8,2       s

Velocità massima                   340      km/h

 

Consumi ed emissioni                      

In fase di omologazione


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
20 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *