за

Ferrari ги прославува четириседите што ги обожуваше Енцо

ferrari izlozba cetirisedi muzej

Музејот на Ferrari ја одбележува посебната пасија на Енцо Ферари кон спортските четириседи. Тој честопати имал навика да ги таксира љубопитните минувачи

Музејот на Ferrari ја одбележува 120-годишнината од раѓањето на основачот на марката со изложбите „Driven by Enzo” и „Passion and Legend”. Двете изложби се под знакот на автомобилската пасија на Енцо Ферари и прикажуваат неколку стилски и технолошки поглавја во историјата на Ferrari.

Ferrari Muzej Izlozba 1

Изложбата „Driven by Enzo” ги опфаќа моделите со четири седишта што лично ги возел „Ил Комендаторе“. Историјата помни дека Енцо Ферари лично го има тестирано секој модел што излегол од Маранело, иако некои од моделите не биле најсоодветни за секојдневието. Енцо за своите дневни тури особено ги обожувал четириседите под знакот на сопствената марка, поради спојот на комфор и спортски карактер. Народот честопати го забележувал Ферари како се вози со „полн автомобил“ по улиците. Тој едноставно ги поканувал љубопитните минувачи со своето возило, за лично да се убедат во квалитетите на автомобилот.

Ангажираниот шофер најчесто останувал во улога на совозач и друштво за патување на Енцо Ферари, на човекот кој не сакаше друг да го вози

Оваа страст кон моделите со четири седишта започнала со Ferrari 250 GT 2+2 во 1960 година, по што следат 400 GTi, 412, а на крај и Ferrari 456 GT, автомобил што тој лично го одобил во 1988 година. Иако Енцо ангажирал шофер во 1969 година, овој честопати бил само во улога на совозач и друштво при патувањата на човекот кој не сакаше да дозволи друг да го вози.

Ferrari Muzej Izlozba 2

Втората изложба „Passion and Legend” прикажува како визијата на еден човек и неговата безгранична љубов кон автомобилите се претворила во најубавите форми што се поставени на четири тркала. Изложбата се состои од најубавите модели на Ferrari во седумдецениското постоење на марката. Во неа секако дека не смеат да отсуствуваат „166 Inter“ од 1948, кој е прв Ferrari за возење по улица, или Ferrari 250 GT Berlinetta “Tdf” од 1956 и незаборавниот Dino 246. Дел од изложбата се и F12tdf, изработен во крајно лимитирана серија, и 812 Superfast, најдобриот модел на Ferrari што може да добие регистерска ознака.

Двете поставки остануваат во музејот на Ferrari во Маранело до мај следната година.

[FAG id=34788]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

расте емисијата на СО2 од автомобилите

Производителите бараат еко-законите да им попуштаат повеќе

забрана дизел франкфурт, евтини дизели

Франкфурт е трет германски град со забрана за дизели