за

Акциите на Ferrari растат, се очекува промет од 3,7 милијарди евра

Ferrari SF90 Stradale
Ferrari SF90 Stradale

Ferrari во третиот квартал ги зголеми продажбата и прометот во споредба со истиот период лани. Меѓу јули и септември се испорачани близу 2.500 возила или за девет проценти повеќе.

Производителот на суперспортски автомобили Ferrari влегува со голем оптимизам во последниот квартал од годинава. Легендарната марка од Маранело ја зголеми прогнозата за оперативната добивка, по одличните деловни резултати од третиот квартал. Ferrari сега предвидува прометот годинава да достигне 3,7 милијарди евра и калкулира со чиста оперативна добивка од околу 1,27 милијарда евра. Досега се поаѓаше од прогнозата дека прометот ќе изнесува околу 3,5 милијарди евра, односно за оперативната добивка се предвидуваа 1,2 до 1,25 милијарда евра.

Акциите во Милано пораснаа за 4,6 проценти, на 151,15 евра. Во јули беа достигнати рекордни 152,60 евра. Вредноста на хартиите на спортската марка расте од година в година. Со плусот од три четвртини, Ferrari годинава е лидер меѓу производителите на автомобили и нивните добавувачи. Пред три години, акција во Ferrari на моменти не вредеше ниту 40 евра.

Во периодот од јули до септември, Ferrari испорачал 2.474 автомобили или за околу девет проценти повеќе од истиот период лани. Прометот во третиот квартал исто така порасна за 9%, на 915 милиони евра. Чистата оперативна добивка порасна за 11 проценти, на 311 милиони евра. Заработката на Ferrari сепак се смалила за 41 проценти во споредба со лани.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Стартот на електричниот Volkswagen ID.3 ја мобилизираше и Меркел

kia proceed gt test

Тест на Аутомедиа: Kia ProCeed 1.6 GT